Време е на одмори и патувања, а често луѓето се одлучуваат да се сместат во хотел.

Експертка за нега на коса откри зошто не треба да користите хотелски фен за коса. Едно истражување потврди дека феновите за коса во хотелските соби се место за размножување на бактерии и габи. Освен што можат да пренесуваат болести, феновите наводно може да предизвикаат првут и да го забават растот на косата.
Иако звучи екстремно, експертта за коса, односно трихолог, ги потврди резултатите од истражувањето. Жаки МекИнтош објасни дека хотелскиот фен може да биде највалканиот предмет што ќе го користите на одмор. Истражувањето на ABC News покажа дека собарките често ги занемаруваат електричните апарати во собата, кои можат да станат почва за бактерии.
„Тие стануваат почва за бактерии и габи. Кога овие досадни микроорганизми ќе се најдат во вашата коса и скалп, тие можат да предизвикаат инфекција и иритација, да ги нарушат фоликулите на косата и да го запрат здравиот раст“, објасни Жаки.
Во валканите фенови може да има прашина и мувла. Тие не само што се нехигиенски, туку и создаваат проблем за вашиот скалп.
Таа предупреди дека фен за коса може да предизвика иритација, разлетување, па дури и опаѓање на косата и често да доведе до расцепени врвови.
„Некои делови од вашата коса добиваат премногу топлина поради блокираните отвори, што доведува до сувост, кршливост и расцепени врвови“, објаснува експертката.
Тие се темпирани бомби исполнети со бактерии кои само чекаат да експлодираат. За жал, единственото нешто што можете да направите е да донесете сопствен фен за коса или да ја исушите косата без да користите уред.