Истражување: Што е потребно за успешна онлајн настава?

Речиси сите учесници, или 93,9 отсто, се согласуваат со ставот дека за успешна онлајн настава е потребно целосно или делумно адаптирање на учебниците и речиси сите учесници во истражувањето, 88,9 отсто, се согласни во врска со тоа дека за успешно спроведување на ефикасна онлајн настава треба да се променат вообичаените методи во наставниот процес, покажа истражувањето  „Состојбите и предизвиците за спроведување на онлајннастава во основните училишта“, спроведено од  Фондацијата за интернет и општество – Метаморфозис.

Истражувањето е спроведено во рамки на проектот „Отворени образовни ресурси“, спроведуван од Метаморфозис, а со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

– Речиси половина од учесниците – 44,5 проценти, пријавија дека во училиштето, за службени потреби, користат сопствен лаптоп. Имено, 84,9 отсто од наставниот кадар за службена комуникација користи приватни имејл адреси. Ова е проблематично од повеќе аспекти, особено од аспект на заштитата на личните податоци на учениците, кои во текот на основното образование се малолетни лица, покажа истражувањето.

Имено,  скоро една третина од наставниот кадар – 31,6 процент, изјавиле дека интернет на училиште има само на својот мобилен телефон. За жал, има и локации каде што училиштата не нудат никаков интернет-пристап.

– Во голем број семејства со повеќе деца на училишна возраст, проблем претставувало и „споделувањето“ на техничките помагала (лаптоп, компјутер), односно ситуацијата најчесто налагала само еден од учениците да биде во можност да следи настава во живо, наведоа од Метаморфозис.

Значителен број – 30 отсто сметаат дека подобра варијанта од „една платформа за сите“ би било кога училиштата би имале одредена слобода при изборот на платформите и софтверите преку кои ќе се спроведува онлајн наставата за нивните ученици.

Со ставот „Во наставата има задоволителна застапеност на материјали на сите јазици на кои се спроведува наставата“ се согласуваат 45 проценти од испитаниците, додека 70 отсто од наставниците кои ја спроведуваат наставата на друг јазик (различен од македонскиот), не се согласуваат со овој став.

Целта на ова истражување е да се утврдат состојбите и предизвиците на онлајн наставата во основните училишта во Република Северна Македнија во периодот март – јуни 2020 година.

– Прибирањето на податоците за истражувањето се одвиваше во две фази: анонимна онлајн анкета, спроведена во периодот од 26 јуни до 15 јули 2020 година, наменета за наставниот кадар, менаџментот и стручните служби од основните училишта во Република Северна Македoнија, и три одделни фокус-групи, во периодот 26-27 август 2020 година, со наставниот кадар, менаџментот и со родителите на учениците од основното образование, наведоа од Метаморфозис.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Македонија

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Read more

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Read more
 

Вести

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

ЕУ смета дека Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Читај повеќе

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Читај повеќе