Истражување: Враните имаат повисока когнитивна способност од малите деца и мајмуните

Сите знаеме дека враните се интелигентни животни кои можат да го разберат концептот на нулата, но ново истражување сега сугерира дека нивното разбирање на еден когнитивно сложен принцип е подобро од мајмуните и дека е споредливо со она кај децата.

Реченицата „Мачката која куче ја бркаше мјаукаше“ претставува вистински граматички кошмар. Но, повеќето возрасни брзо сфаќаат дека мачката е таа што мјаукала и дека кучето ја бркало мачката. Некогаш се сметаше дека оваа способност за поврзување на елементите во било која секвенца е само човечка особина. Најновото истражување, кое го предводеше Диана Лао од Универзитетот во Тибинген сигерира дека тоа можат да го прават и враните, и додава дека некои претходни истражувања покажале дека макаки-резус мајмуните исто така имаат слични способности.

Лао и нејзините колеги за потребата на истражувањето научиле две врани да ги идентификуваат симболите { }, [ ] и < >, така што ги наградувале со храна само кога враните колвале по строго одреден редослед { ( ) } или ( { } ). На птиците им биле потребни околу недела дена за да ги научат симболите, по што им била дадена нова задача според која морале да колваат слични низи. Враните не само што се покажале подеднакво добри како деца на претшколска возраст, туку и ги надминале мајмуните.

Според податоците добиени од една студија од пред две години, на возрасни луѓе им е потребно 10% до 40% од даденото време за да ја решат задачата со поврзување, на децата им е потребно 67% од времето, а на мајмуните 74%. Според податоците во кои учествувале враните, ним им требало 60% од времето.

„Нашите резултати сугерираат дека одредени структури на мозокот - како што е слојот кортекс кај приматите - не се неопходни за поддршка на рекурзивното разбирање“, заклучува Лао.

Резултатите од оваа интересна студија се објавени во списанието Science Advances.

Тагови
реклама

Неделен хороскоп: Кого го очекува љубовна криза, а кој ќе заработи пари?

Read more

Oткриени повеќе од 2.000 мумифицирани глави на овни во чест на најмоќниот фараон

Read more

Каде беше досега Џек Ма?

Read more

Ирина Шајк, поздрав од одмор

Read more

Наука

Нови изуми носат нови ветришта: Ќе можеме ли да ја одложиме смртта со помош на технологијата?

Read more

Дали животот на Земјата има вонземско потекло?

Read more

Снимки стари 30 години ја откриваат мистеријата на Венера

Read more

Зошто одеднаш има толку многу вируси?

Read more
 

Гик

  • filter

Oткриени повеќе од 2.000 мумифицирани глави на овни во чест на најмоќниот фараон

Читај повеќе

Ватикан ѝ врати на Грција делови од Партенон стари повеќе од 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Electric Dream - графиката никогаш не изгледала толку реално

Читај повеќе

Нови изуми носат нови ветришта: Ќе можеме ли да ја одложиме смртта со помош на технологијата?

Читај повеќе

Бил Гејтс загрижен за вештачката интелигенција

Читај повеќе

Руска компанија претстави конкурент на ChatGPT

Читај повеќе

Sparky е првото ВИ роботско куче со мускулно-скелетни екстремитети

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромен астероид денеска ќе помине многу блиску до Земјата

Читај повеќе
  • play_arrow

Relativity Space лансираше 3D печатена ракета, но не стигна во орбитата

Читај повеќе