Истражување: Времето кога јадеме може да го зголеми ризикот од рак

Според студија спроведена од истражувачи на Институтот за глобално здравје во Барселона, времето кога јадеме може да одреди кој е во поголем ризик од развој на канцер, пишува Times of India.

Нашиот животен стил и исхраната имаат клучна улога во намалувањето на ризикот од канцер. Истражувачите веруваат дека мора да се истражува не само што јадеме, туку и кога јадеме.

Студијата проучувала 621 случај на рак од простата и 1205 случаи на рак на дојка, односно проучуваа 872 мажи и 1321 жени кои никогаш не работеле ноќна смена. Со  помош на анкета, ги прашале за времето кога јадат и спијат.

Истражувачите откриле дека оние кои регуларно јадат по 9 часот навечер и не остават барем два часа по јадењето пред да си легнат се во поголем ризик од добивање рак, процентуално тоа изнесува 25%.

Зошто се случува тоа?

Биолошкиот часовник, познат и како дневен ритам, го одредува и регулира циклусот на спиење и будност и се повторува на секои 24 часа. Ако биолошкиот часовник на вашето тело функционира правилно, од 21 часот па натаму вашето тело полека се подготвува за одмор, а не да стане поактивно, што може да се случи по јадење.

Луѓето кои рекле дека си легнуваат два или по веќе часа по вечерата биле за 20% во помал ризик од развој на рак на дојка и простата. Сепак, кога јаделе доцна, ризикот од развој на канцер се искачил на 25%.

„Нашата студија заклучи дека придружувањето на дневните обрасци на исхрана се поврзани со помал ризик од канцер. Овие податоци ја нагласуваат важноста на процената за времето во студијата за исхрана и  канцер“, вели д-р Манолис Когевинас, главен автор на студијата.

Иако се потребни дополнителни истражувања за да се утврди зошто времето на јадење влијае на ризикот од развој на канцер, некои докази упатуваат на тоа дека тоа би можело да биде последица од нарушени обрасци на спиење.

реклама

BBC: Израелците беа убедени дека се недопирливи

Read more

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Најдени црните кутии: Откриен клучниот момент за падот на индискиот авион

Read more

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Read more

Здравје

Евтина храна што го подобрува здравјето на срцето

Read more

Пет намирници кои се поздрави отколку што мислите

Read more

Четири суплементи кои луѓето со висок притисок треба да ги избегнуваат

Read more

Лекарка предупредува на знаци на инсулинска резистенција кои многумина ги занемаруваат

Read more
 

Магазин

Ручек за носење: Три генијални рецепти за салата во тегла

Читај повеќе

Најдобри протеини за зајакнување на имунитетот и здраво слабеење по 40-тата година

Читај повеќе

Дали имате финансиска траума?

Читај повеќе

Голем неделен финансиски хороскоп од 16 до 22 јуни

Читај повеќе

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Читај повеќе

Како да препознаете вистински домашен мед?

Читај повеќе
  • play_arrow

Евтина храна што го подобрува здравјето на срцето

Читај повеќе

Што му предвидува неделниот хороскоп од 16 до 22 јуни на вашиот знак?

Читај повеќе

Пет намирници кои се поздрави отколку што мислите

Читај повеќе