Истражување: Значително повеќе жени имаат ментални проблеми како резултат на карантинот

Значително поголем број жени отколку мажи се соочуваат со ментални проблеми, што се развиваат како последица на пандемијата на новиот коронавирус, бидејќи потешко ги поднесуваат мерките за изолација воведени да помогнат во борбата против COVID-19, покажува британско истражување.

Научниците од Институтот за социјални и економски истражувања од Универзитетот во Есекс, Лиса Спантиг и Бен Етриџ, врз основа на истражување, заклучиле дека жените потешко ја поднесуваат социјалната изолација за разлика од мажите, воведена како дел од карантинските мерки.

Истражувањата укажуваат на пад на чувството на благосостојба меѓу мажите и жените

Нивната студија покажа дека бројот на луѓе со најмалку едно сериозно ментално нарушување по карантинските мерки се зголемило меѓу двата пола, пишува The Guardian.

Кај мажите, процентот на оние со еден потежок ментален проблем се искачи од 7 проценти на 18, а кај жените од 11 на 27 проценти.

Студиите спроведени во САД и Обединетото Кралство за време на карантинот укажуваат на пад на чувството за благосостојба и кај мажите и кај жените.

Економските фактори се наведени како главни причини зошто повеќе жени отколку мажи одговориле дека нивното ментално здравје е под влијание на пандемијата.

„Но, истражувањето покажа дека жените го 'извлекле краткиот крај на сламката' во различни области. На пример, тие во неколку случаи ги загубиле своите работни места“, истакна Етриџ.

Женската популација беше најтешко погодена од недостиг на социјални односи

Меѓу останатите фактори што го намалуваат чувството на благосостојба кај жените е недостигот на време за физичка активност, но и фактот дека жените имаа повеќе работа да се грижат за децата и дека е зголемен обемот и интензитетот на домашните работи.

Но, Етриџ истакна дека најновите истражувања покажуваат дека женската популација е најтешко погодена од недостигот на социјални односи.

„Жените вообичаено имаат повеќе блиски пријатели и пријателки. До неодамна, забраната за гледање на блиските личности надвор од домот, кај жените резултираше со намалено чувство на ментална благосостојба“, додава Етриџ.

Повеќе од една третина од учесниците во студијата, односно околу 34 проценти, изјавиле дека повремено се чувствуваат осамено за време на карантинот, а 11 проценти изјавиле дека честопати се чувствуваат осамено.

Кај мажите, на истото прашање 23 проценти одговориле дека повремено се чувствуваат осамено, а само шест проценти изјавиле дека честопати се чувствуваат осамено.

Истражување спроведено за да се следи менталната состојба на Британците за време на карантинот

Истражувањето се заснова на комуникација преку интернет, со лица кои учествуваа во студијата спроведена во британските домаќинства, а целта е да се овозможи научниците да ја следат психичката состојба на Британците за време на карантинот.

Резултатите од анкетата за тоа на кој начин луѓето се справуваат со изолацијата, во време на пандемија на новиот коронавирус, се „засилени“ со податоци од веб-страниците. Резултатите од анализата на Google Trends открија дека бројот на пребарувања за изрази како „осаменост“, „загриженост“ и „тага“ е зголемен во многу земји низ целиот свет.

Етриџ додава дека последиците од корона-кризата, во просек, имаат најголемо влијание врз менталното здравје на младите жени под 30-годишна возраст и дека мажите на возраст меѓу 50 и 69 години се најмалку погодени од изолацијата и карантинот.

реклама

Како да го зголемите нивото на тестостерон на природен начин?

Read more

Спектакл на небото: Како да го гледате метеорскиот дожд Персеиди?

Read more

Disney го згасна брендот „20th Century Fox“

Read more

Мистерија на Арктикот подгрева теории на заговор: Што се крие на замрзнатиот континент?

Read more

Здравје

Што се случува во телото откако ќе земете „вијагра“?

Read more

Како да го зголемите нивото на тестостерон на природен начин?

Read more

Германците скептични: Руската вакцина може да биде опасна

Read more

Што се знае за првата регистрирана вакцина против коронавирусот?

Read more

Магазин

Дизајн за авионите по пандемијата: Повеќе простор, помалку контакти

Читај повеќе

Кои хороскопски знаци важат за уредни, а кои уживаат во хаос?

Читај повеќе

Што се случува во телото откако ќе земете „вијагра“?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да го зголемите нивото на тестостерон на природен начин?

Читај повеќе

Германците скептични: Руската вакцина може да биде опасна

Читај повеќе
  • play_arrow

Десет начини како да зготвите модар патлиџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Мистерија на Арктикот подгрева теории на заговор: Што се крие на замрзнатиот континент?

Читај повеќе

Што се знае за првата регистрирана вакцина против коронавирусот?

Читај повеќе

Поради епидемилошките мерки, шведско-норвешка двојка се венчаше на граница

Читај повеќе