Истражување: Зошто образите црвенеат по пиење алкохол?

Ново научно откритие ги објаснува можните биолошки причини зошто кај луѓето се појавува црвенило на лицето и зошто кај некои тоа е поизразено.

Имено, геномот којшто предизвикува црвенило на образите, на пр. по пиење алкохол, исто така влијае на воспаленијата во телото, но и на циркулацијата. Последиците од алкохолот, од друга страна, за голем дел од луѓето, значително се ублажуваат преку ензимот наречен митохондријална алдехид дехидрогеназа (АЛДХ2). Таа го разложува алкохолот на помалку штетни компоненти во процес од повеќе чекори - прво, етанолот се претвора во соединението ацеталдехид, а потоа се разградува до ацетат.

Така, овој ензим претставува своевидна заштита од штетните последици од алкохолот.

Меѓутоа, за луѓето со варијантата наречена АЛДХ2*2, тој процес не е толку едноставен. Нивниот ензим има значително намалена функција и како резултат на тоа, токсичниот ацеталдехид може да остане во нивните тела многу подолго, предизвикувајќи посеризни последици од прекумерното пиење (и полош мамурлак). Оваа варијанта е речиси отсутна кај луѓето во поголем дел на светот, освен во Источна Азија, каде што варијантата на ензимот е присутна кај околу една третина од луѓето.

Луѓето кои пијат и покрај тоа што го имаат овој генотип се изложени на зголемена опасност од рак, а исто така имаат и до 48% поголема можност од срцеви заболувања, предупредуваат лекарите.

Истражувањето, чии резултати се објавени во списанието Science Translational Medicine, комбинира две различни истражувања спроведени на глувци со анализа на геномски податоци на Biobank за примероци од Јапонија и Обединетото Кралство.

Останува не докрај разјаснето како сѐ ова е поврзана со АЛДХ2. За да ја открие оваа врска, истражувачите предводени од Џозеф Ву, лекар и директор на Кардиоваскуларниот институт во Стенфорд, спроведе анализа на геномот на 29.319 случаи на луѓе со срцеви заболувања.

Откако се потврди поврзаноста меѓу варијантата АЛДХ2*2 и срцевите заболувања, научниците се задржаа кај примероци од 9 засегнати лица. По еден стандарден пијалак, се забележало дека испитаниците имаат намалена функција на ендотелијалните клетки, што игра клучна улога во одредувањето на опасноста од заедничкиот тип срцева болест - коронарна артериска болест.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Наука

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more
 

Гик

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе