Авто новости

Истражување: Летечките автомобили за спас на светот од климатски промени

11. април 2019 - 13:11 | Б.С.Б.

Многу компании, меѓу кои и НАСА се обидуваат да развијат летечки автомобили со надеж дека ќе го произведат возилото на иднината. А во најново истражување се потенцира дека токму тоа би можело да биде дел од одговорот кој ќе помогне во сузбивање на климатските промени.

Истражувањето е објавено во Nature Communication, а е направено од Универзитетот во Мичиген и претставници на компанијата Ford.

Во него е споредено користењето на енергија во електричната верзија на летечките автомобили, поточно ги споредиле традиционалните, електричните и летечките автомобили. Истражувањето исто така го разгледува влијанието што го имаат летечките автомобили на заштедувањето време и вкупната потрошувачка на енергија.

Според резултатите, заедно со пилотот и три патници, летечките автомобили би имале околу 52 проценти помалку емисија на стакленички гасови во однос на традиционалните автомобили и би произведувале 6 проценти помалку емисија од обичните електрични автомобили на патувања од стотина километри.

Истражувачите користеле јавно достапни информации од компании кои креирале прототипови на летечки автомобили за да пресметаат колку енергија ќе користат и колку стакленички гасови ќе произведат.

Крајниот заклучок е дека е потребно подетално истражување за влијанието на летечките автомобили за намалување на загадувањето, но сигурно е дека ваквите возила би имале големо влијание на климатските промени.

Коментирај