Здравје

Истражување: Лошото мислење за себе може да доведе до самоубиствени мисли

13. мај 2019 - 16:14 | Б.С.Б.

Ново истражување покажува дека лошото мислење за себеси  и општото незадоволство од личниот изглед многумина ги прави депресивни, а овие фактори можат да доведат и до самоубиствени тенденции, пренесува BBC.

Во истражувањето биле опфатени 4.500 возрасни Британци, а открива дека третина од испитаниците се незадоволни од изгледот, додека секој осми човек имал самоубиствени мисли. Фондацијата за ментално здравје во Велика Британија соопшти дека оваа состојба може да влијае на секого, во било кое животно доба. Исто така, апелира рекламите и медиумските куќи да бидат повнимателни со начинот на кој ги прикажуваат човечките тела.

„Нашата анкета покажува дека милиони возрасни луѓе во Велика Британија не се задоволни со изгледот. За некои луѓе оваа состојба е потенцијално многу сериозна. Жените, особено помладите, покажуваат најголем степен на незадоволство. Значителен број луѓе почувствувале гадење или срам кон самиот себе“, вели Марк Роуланд, извршен директор на Фондацијата.

Тој додава дека не се само младите погодени, туку и повозрасните. Еден од пет учесници во истражувањето, постари од 55 години, не е задоволен од изгледот.

„Многу луѓе ги идентификуваа социјалните мрежи како важен фактор во креирањето лоша слика за самиот себе“, објаснува Роуланд.

Коментирај