Здравје

Истражување: Менталното здравје се влошува откако ќе станете родители

6. јуни 2019 - 15:59 | А.С.

Родителството е стресно од многу причини, но според резултатите од едно најново истражување што го спроведе платформата Childcare.co.uk, она што им предизвикува најголем стрес на родителите е нередот во домот.

Дури 60% од испитаниците одговориле дека поголем стрес им рпедизвикува загриженоста дека дома им е несредено, отколку помислата дека може да го изгубат детето во толпа, што им е најстресно на 16% од испитаниците.

Повеќе од 60% од луѓето кои учествувале во истражувањето рекле дека менталното здравје им е влошено откако станале родители, а 38% сметаат дека нивното ментално здравје негативно влијаело на нивните родителски способности во некоја фаза.

„Се надевам дека ова истражување ќе ги мотивира родителите да разговараат за стресот, но за менталното здравје, за да ја побараат и добијат поддршката што им е потребна“, вели Ричард Конвеј, основач на платформата Childcare.co.uk.

Ова истражување беше спроведено откако Здружението за ментално здравје објави статистички податоци според кои околу 68% од жените и 57% од мажите се соочуваат со ментални проблеми откако станале родители, пишува британски Independent.

Коментирај