Авто новости

Истражување на Consumer Reports: Кои се најлошите автомобили на пазарот?

20. март 2017 - 13:10 | Д.Л.

Consumer Reports во новото истражување на понудата на американскиот пазар на нови автомобили објави неколку листи, а единствената на која не би сакала да се најде ниедна марка, секако е онаа за топ 10 најлоши автомобили за 2017 година.

Пред да ги именуваме неславните победници по сегменти, да спомнеме дека овој извештај на Consumer Reports се сфаќа прилично сериозно. Consumer Reports анонимно го купува секој од автомобилите кои ќе ги тестира, а потоа им прави детални испитувања. Автомобилот поминува повеќе од 50 различни тестови, меѓу кои на патека, на јавни улици, а потоа се формира рангирање. Дополнително, во обзир влегуваат и искуствата на постоечките сопственици, податоците за безбедноста и податоците за пријавените дефекти.

Најлош субкомпакт и оваа година е Mitsubishi Mirage, кај нас познат како Space Star. Неговите најголеми недостатоци се слабиот и неускладен мотор, евтиниот впечаток кој го создава ентериерот и недостатокот на комфор. За овие пари, може да се купи значително подобар автомобил, вели Consumer Reports. 

Mitsubishi e на тапет и кога се електричните автомобили во прашање. Сеге веќе не толку новиот i-MIEV  e најевтин на пазарот, а најкратко кажано се останато не чини.

Во компакт сегментот и понатаму е најлош Fiat 500 кој е опишан како несигурен и недоверлив MPV со кој ни неговите сопственици не се задоволни. Според Consumer Reports, ако го бараме најдобриот во оваа класа, тоа е Chevrolet Cruze.

Најлошата лимузина од средна класа е Chrysler 200, a посебно му се забележува за очајните возни својства и расипливоста. Најкратко, ова е најлошиот нов автомобил во Америка. Од друга страна, најдобар во овој сегмент е Kia Optima.

Помалку неочекувано, на листата се најде и една Toyota. Тundra е најлошиот компактен пик-ап, а и покрај редизајнот и понатаму е очаен за возење. Најдобар во овој сегмент е Honda Ridgeline.

Најлош SUV годинава е Dodge Journey, а освен што има лоши возни својства и мотор кој е најмалку штедлив, ништо подобар не е ни во сигурноста. Овој модел не се купува ни кога е на акција. Затоа, Toyota Highlander е прогласена за најдобра во сегментот и за неа велат дека не и треба ни реклама.

Влегувањето во премиум сегментот подразбира Marcedes, но внимавајте. Меrcedes CLA е прогласен за најлош втора година по ред и тоа бидејќи не е уверлив во возењето, а ни со опремата не е дарежлив. Buick Verano како изненадување е рангиран најдобро во овој сегмент на влегување во доменот на луксузот.

Најлоша луксузна компактна лимузина е Maserati Ghibli. Чини 70.000 долари,  што е премногу за автомобил со недостаток на простор позади и прекинувачи од Fiat. Од друга страна, моторот на Ferrari е одличен, а возните својства се во склад со очекувањата.  Во овој сегмент, паметен избор е Infiniti Q70.

Најлош луксузен компаткен SUV и оваа година е Land Rover Discovery Sport. Не се снаоѓа баш најдобро на асфалт, а не му е од помош ни неурамнотежената механика. Mercedes GLC е далеку подобар избор.

Најлош луксузен SUV е Cadillac Escalade. Комфорот е под сите очекувања, а возните својства се далеку од луксуз. Audi Q7 е прогласен за најдобар во сегментот. 

Коментирај