Љубов и секс

Истражување: Паровите кои пијат заедно, остануваат заедно

21. март 2019 - 14:35 | Б.С.Б.

Ново истражување на Универзитетот во Мичиген откри дека паровите кои пијат заедно се посреќни од паровите каде пие само едниот партнер. Со други зборови, паровите кои пијат заедно, остануваат заедно.

Ова е особено важно за оние кои имаат слични навики на пиење, бидејќи на тоа гледаат како на активност која ги поврзува.

Тим истражувачи анализирале податоци од 10-годишно истражување во кое биле опфатени 2.767 брачни парови во САД. Паровите кои учествувале во истражувањето во просек имале 33 години, а две третини од нив биле во прв брак.

Биле интервјуирани за квалитетот на нивниот брак на секои две години, вклучувајќи и прашања за тоа дали сметаат дека нивниот партнер е премногу критичен или не, колку ги поддржувал и им помагал партнерот во време на потреба, колку сопружниците ги иритирале и слично. Биле прашувани и за навиките за пиење, ако пијат колку често пијат и слично.

Податоците покажале дека повеќе од половина од паровите кои учествувале во истражувањето двајцата партнери пиеле алкохол додека мажите пиеле повеќе од своите сопруги. Меѓутоа, интересно е дека општото незадоволство во брак било поголемо кога жените пиеле, додека нивните мажи се воздржувале од пиење.

Експертите велат дека умереното пиење е поефикасен начин да придонесат на чувството на единство, забава и заедништво во односот. Тие нагласуваат дека паровите не би требало да пијат повеќе ниту да го менуваат начинот на кој пијат во надеж дека ќе го подобрат односот. Авторот на студијата, д-р Кира Бирдит сугерира дека е добра идејата повремено да се воздржуваме од пиење алкохол кога и вашиот партнер го прави тоа.

„Не тврдиме дека луѓето би требало да пијат повеќе или да го менуваат начинот на кој пијат. Не сме сигурни зошто тоа се случува, но изгледа дека паровите кои заедно минуваат повеќе активности во слободното време, имаат подобар однос. Значи, ако сакате да знаете како да имате среќна врска уживајте во долгите прошетки, заедно трчајте, вежбајте јога или најдете друго хоби, наточете чаша вино и уживајте во друштвото“, вели Бирдит.

Коментирај