Здравје

Истражување: Патувањата го развиваат детскиот мозок, а не скапите играчки

28. јануари 2020 - 17:54 | Б.С.Б.

Патувањата можат да го забрзаат развојот на детскиот мозок, експертите советуваат дека новите искуства при патувањата подобро влијаат на детскиот развој од скапите играчки.

Детскиот психијатар Марго Сандерланд тврди дека одењето на одмор претставува одлична инвестиција во развојот на детскиот мозок.

„Кога одите на семеен одмор вежбате два генетски интегрирани системи кои се длабоко во лимбичкиот дел на мозокот. Овие делови ретко „се вежбаат“ дома. Постои „систем на игра“ и „систем на барање“, вели таа за Healthy Holistic Living.

Според неа, „системот на игра“ во мозокот се вежба секој пат кога на детето ќе му ги закопате нозете во песок, ќе го фрлите во базен или ќе го носите на грб. Додека „системот на барање“ во мозокот се вежба секој пат кога истражувате заедно.

Вежбањето на овие два системи го стимулира делот од мозокот задолжен за когнитивно расудување, решавање проблеми, емоционална експресија, паметење, јазик и процена. Колку повеќе ги вежбате нивните системи, децата ќе станат посилни.

Кога ќе ги одведете децата на одмор тие имаат можност да го истражуваат местото во кое се наоѓаат. Тоа го активира нивниот „систем на барања“. Со вежбањето на овие два системи во текот на семејниот одмор придонесувате за целокупната среќа и благосостојба на децата.

Коментирај