Исус бил грчкиот философ Аполониј, се тврди во нов документарец

Исус Христос не бил Евреин, туку Грк, покажува најново истражување претставено во документарецот „Biblical Conspiracies“ на Amazon Prime.

Во документарецот се тврди дека античкиот философ Аполониј од Тијана, кој проповедал и правел чуда, е всушност „синот Божји“.

Во документарецот се тврди дека Исус го „поистоветиле“ со овој грчки философ кој живеел во истиот временски период. Описите на животот на Исус и чудата кои ги правел наведени во Новиот Завет можеби биле погрешно протолкувани и нив, како што се тврди во документарецот, ги направил Аполониј, објави Daily Mail.

„Меѓу нив има впечатливи физички сличности и има повеќе докази дека Аполониј постоел“, се наведува во документарецот „Biblical Conspiracies“.

Таму не се порекнува дека Исус постоел како историска личност, само се тврди дека личноста која се опишува во Новиот Завет е Аполониј.

Аполониј, роден во Тијана, исто како Исус Христос имал следбеници, ученици, неговите апостоли, и самиот бил ученик на Питагора и наследник на мистериите на Египет. Треба да се забележи дека во тоа време, вообичаено се користело зборот "Христос": на грчки, "Честос" и "Христос" значеле: "доброто, помазаното". Но, овој термин, исто така, е изведен фонетски од египетската хиероглифична "khery-cheta". "Оној кој доминира во мистеријата", "иницијаторот".

Аполониј одел бос, имал долга коса и брада и се откажал од „месо, вино и жени“.

„Наводно ги враќал во живот мртвите и зборувал за работи кои луѓето тогаш не можеле ни да ги замислат. За разлика од Исус, има докази кои укажуваат дека Аполониј навистина постоел“, се вели во филмот.

Реакциите на овој документарец, сосема очекувано, не беа добри. Многумина коментираат дека во филмот всушност и не е докажано дека Исус всушност бил Аполониј.

„Документарецот само се обидува да фрли сомнеж на Библијата, без никакви историски докази или интервјуа со издржани експерти, тоа е само чиста претпоставка“, коментира еден гледач.

реклама

Чек дис аут

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе