Италија даде упатства за домашно лекување на КОВИД пациенти

Италијанското Министерство за здравство ги објави основните упатства за пациентите со COVID-19 кои се лекуваат дома.

Инструкциите се однесуваат на пациенти кои се сметаат за помалку ризични, на кои не им е потребна хоспитализација и имаат симптоми слични на грип, односно на пациенти кои не се борат за воздух, а сатурацијата на крвта со кислород име е поголема од 92 проценти.

Овие пациенти може да имаат треска и покачена температура, но под 38 степени или над 38 што не трае повеќе од 72 часа.

Според упатствата на Министерството, потребно е периодично да се мери сатурацијата, да се зема парацетамол само доколку е потребно, да се обезбеди неопходна хидратација и правилна исхрана.

Експертите советуваат да не се менува терапијата што некој ја има за хронични заболувања, во спротивно постои ризик од влошување на состојбата.

Министерството препорачува да не се земаат кортикостероиди рутински, освен кај пациенти чија состојба не се подобрува дури и по 72 часа.

Министерството исто така советува да не се земаат антибиотици или хепарин освен ако општата состојба не се влоши и температурата не падне дури и по 72 часа.

Исто така, на болните со благи симптоми им се препорачува да не земаат хидроксихлорокин бидејќи ниту една научна студија не ја потврдила неговата ефикасност во лекувањето на COVID-19.

Во упатствата на италијанското Министерство за здравство се истакнува дека досега нема цврсти и непобитни докази дека земањето разни витамини, вклучително и витамин Д, како и лактоферин и кверцетин, помага во лекувањето на COVID-19.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Здравје

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more

Најдобрите здравствени придобивки од пиењето кафе без кофеин

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе