Италија и Малта во нов спор околу брод полн мигранти

Рим, 23 јуни 2018 (МИА) - Италијанската Влада оцени дека е нехумано одбивањето на Малта да го прими бродот „Лајфлајн“ на кој се наоѓаат 200 мигранти кои испловиле од Либија.

Ова е втор инцидент од ваков вид откако Италија одби да прима бродови со мигранти кои испловуваат од Либија.
 
Првиот ваков брод, „Акваријус“, со над 600 лица на него, се упати кон Шпанија, каде Владата се согласи да ги прими мигрантите. Италија вели дека доколку бродовите со мигранти навистина се во опасност од потонување, тогаш одговорноста да ги прими е на најблиската држава, а тоа е Малта.
 
Малтешките власти упатиле одговор до Италија дека бродот не е во опасност и не е потребно патниците да бидат спасени.
 
Се работи за брод на германска невладина организација кој плови под холандско знаме. Новоизбраната италијанска Влада и пред се министерот за внатрешни работи Матео Салвини ги обвинуваат ваквите невладини организации дека се во координација со шверцери на мигранти во Либија, кои испловуваат во Средоземното Море, а потоа лажно пријавуваат дека се во опасност од тонење, по што по мигрантите доаѓа однапред договорениот спасувачки брод.
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе