Во финалето на Европското првенство во одбојка одиграно синоќа во Катовице, репрезентацијата на Италија ја совлада селекцијата на Словенија со 3:2. Резултатот по сетови гласеше 22:25, 25:20, 20:25, 25:20 и 15:11.

Ова е прв трофеј од еврошампионатите за „Аѕурите“ по 16 години, и вкупно седма титула.
Италијанците триумфираа шест пати помеѓу 1989 и 2005 година. Покрај тоа, во нивната колекција медали имаат и 4 сребрени и 3 бронзени.
Капитенот на Италија, Симоне Џанели беше прогласен за најкорисен играч на турнирот.
Словенија мораше повторно да се задоволи со среброто, откако го стори тоа во 2015 и 2019 година.
Во натпреварот за 3. место на 32. Европско првенство кое се играше во четири држави, домаќинот на завршницата Полска ја победи Србија.