Италија му нуди пасош на ДиВинченцо

Италијанската кошаркарска федерација тврди дека е блиску до натурализирање на бекот на Минесота Тимбервулфс, Донте ДиВинченцо.

Претседателот на федерацијата, Џани Петручи, во интервју за la Repubblica изјави дека ДиВинченцо (или ДиВинчензоу, како што велат Американците) сака да ја претставува Италија на претстојните натпреварувања.

Очигледно, по завршувањето на сезоната во НБА, тој би дошол во Италија за да ја заврши постапката за добивање пасош.

Селекторот на репрезентацијата, Џанмарко Поцеко и поранешниот репрезентативец Луиџи Датоме наскоро би можеле да отпатуваат во САД за да разговараат со НБА кошаркарот на оваа тема.

Италијанците се обидоа да го натурализираат Паоло Банкеро, но кошаркарот на Орландо Меџик го избра дресот на САД.

„Дали се плашам од сличен исход како оној со Банкеро? Не чувствувам одговорност за тоа. Тој ни даде неколку ветувања и на крајот го избра американскиот дрес. Сакаше да се натпреварува на Олимпијадата, но на крајот не ни замина во Париз“, изјави Петручи.

Италијанците неколку пати се обидоа да го убедат ДиВинченцо да го облече репрезентативниот дрес, но досега тоа не се случи. Тој има далечно италијанско потекло, па разбирливо е што не се идентификува многу со Чизмата.

Оваа сезона тој има просек од 11,7 поени, 3,7 скока и 3,8 асистенции, со 40% реализација во шутот за три поени.

Италија ќе учествува на овогодинешниот Евробаскет кој започнува на 27 август.

реклама

Грците веќе не простуваат: Дронови ги демнат плажите, казни летаат на сите страни

Read more

Голем пресврт за 4 хороскопски знаци до крајот на јули: Доаѓа она што е ваше!

Read more

Две малолетни деца и 18-годишник биле однесени од надојдената вода во реката Треска

Read more

Пред 19 години го бањаше како бебе, сега ќе играат мундијалско финале еден против друг

Read more

Кошарка

Војдан Стојановски: Имаме шанса за следниот чекор, но мора да бидеме максимално подготвени

Read more

Македонија против Кипар и Австрија во втората рунда од претквалификациите за ЕвроБаскет 2029

Read more

Јокиќ пред супермакс договор од 350 милиони долари

Read more

Јокиќ, ти ли си?

Read more

Спорт

Војдан Стојановски: Имаме шанса за следниот чекор, но мора да бидеме максимално подготвени

Читај повеќе

Реал ќе го сруши светскиот рекорд: Подготвиле понуда за Олисе

Читај повеќе

Основале клуб во тајност, на првиот меч отишле пеш, а сè започнало поради една љубов

Читај повеќе

Додека сите играат за милиони, Халанд и пријателите избраа еднаквост со дамите

Читај повеќе

Македонија против Кипар и Австрија во втората рунда од претквалификациите за ЕвроБаскет 2029

Читај повеќе

Ла Лига доминира во финалето: Неверојатни податоци пред битката за пехарот

Читај повеќе

ФФМ го одби барањето на Вардар за одложување на првиот натпревар од новата сезона

Читај повеќе

Пронајдено шишето на Пикфорд со белешки за пенали, реакцијата на Меси станува хит

Читај повеќе

Не можеше без политика: Дали ФИФА ќе ги казни Аргентинците за забранетиот транспарент?

Читај повеќе