Италија од денеска ги отвора границите, засилените мерки остануваат

МИА/КАЈГАНА
/ 03.06.2020 / 10:06

Италија денеска ги отвора регионалните граници по тримесечна блокада поради пандемијата на коронавирусот, со што овозможува поголема слобода на движење за повеќе од 60 милиони жители на земјата, а од денеска се дозволени и пристигнувања од Шенген-зоната без задолжителен карантин.

Регионалните граници се отворени уште од полноќ, и покрај спротивставените ставови на италијанските власти за отворањето на границите на Ломбардија, регионот што беше најтешко погоден во Италија, на што се противеа лидерите на регионите од југот, каде имаше помал број случаи на коронавирус отколку на северот од земјата.

Покрај отворањето на регионалните граници, одредени области во Италија, сепак, ги засилуваат контролите и мерките за да се спречи ширењето на вирусот преку „ следење на туристите “ со дигитални апликации, мерење на температурата со термички скенери, неопходни хотелски резервации и пополнување на прашалници по пристигнувањето.

Ломбардија, Венето и Лигурија побараа целосно враќање во нормала, Тоскана побара да почекаат уште една недела, Кампања ја критикуваше одлуката за отворање на границите, а Сардинија најави „здравствени пасоши“ за пристигнување на туристите, што министерот за регионални работи, Франсоа Боа, го смета за неуставно.

Сè уште се во сила мерките за употреба на заштитна маска и одржување растојание од два метра со цел да се спречи ширењето на COVID-19.

На железничките станици телесната температура на патниците ќе се мери со термички скенери, а доколку е над 37,5, нема да им биде дозволено да патуваат со воз.

Италија беше прва земја во Европа што воведе карантин на целата територија на почетокот на март. Повеќе од 233.000 лица во Италија се заразија со COVID-19 од почетокот на кризата, а во моментов има околу 39.000 активни случаи. 

реклама

Не може да ги надмудрите луѓето родени во овие 3 хороскопски знаци

Read more

Се самоуби внукот на Елвис Присли, Бенџамин Кео

Read more

Казна затвор 19 години за Ангела Ѓорѓиевска за убиството на Пино

Read more

Гејтс: Лекот и вакцините треба да бидат достапни за сите, не само за богатите

Read more

Свет

СЗО: Кризата со коронавирусот може да се продлабочи

Read more

Градоначалникот на Сеул кој се самоуби бил обвинет за сексуална злоупотреба

Read more

Гејтс: Лекот и вакцините треба да бидат достапни за сите, не само за богатите

Read more

Град во Шпанија ставен под карантин поради ширењето на коронавирусот

Read more

Вести

МЗ: Денеска 6 лица даруваа крвна плазма, досега се обезбедени 52 единици за третман на пациенти

Читај повеќе

СЗО: Кризата со коронавирусот може да се продлабочи

Читај повеќе

До 15 часот гласале 340 лица со COVID-19 и во самоизолација

Читај повеќе

Двајца мигранти држеле во заложништво други 19 мигранти во Ваксинце

Читај повеќе

Косово воведе задолжителен тест за COVID-19 за граѓаните на Северна Македонија, БиХ и Црна Гора

Читај повеќе

Чаир со над 300 активни случаи на заразени со коронавирус

Читај повеќе

Нови 88 случаи на COVID-19, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ДИК прифати нови барања за набљудување на изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Градоначалникот на Сеул кој се самоуби бил обвинет за сексуална злоупотреба

Читај повеќе