Италија руши рекорди: Непоразена 31 натпревар и 1.168 минути без примен гол

Филип Здравески
/ 27.06.2021 / 12:44

Избраниците на Роберто Манчини синоќа по продолженија ја елиминираа цврстата Австрија, се пласираа во четвртфиналето, но и продолжија со рекордите.

Рекордот кој гласеше 30 натпревари без пораз „Аѕурите“ го израмнија со победата од 1:0 над Велс во последното коло од групната фаза, а синоќа на „Вембли“ и официјално поставија нов. Со головите на резервистите Федерико Кјеза и Матео Песина во првото продолжение од 15 минути Италија ја победи и елиминираше Австрија и по 31 пат остана непоразена.

Италија бркаше и друг рекорд и тоа за најголго време без примен гол. Серијата за незатресена мрежа заврши кога Саша Калајџиќ со глава го совлада Џиџи Донарума при крајот на 120-те минути и донесе интересен финиш. Со овој гол Италија ја заврши серијата со 1.168 минути без примен гол.

Претходниот рекорд гласеше 1.143 минути и беше поставен од 1972 до 1974 година кога селектор беше Феручо Валкареџи, а помеѓу стативите стоеше легендарниот Дино Ѕоф.

Тимот на Манчини успеа да собори рекорд кој ја прогонуваше Италија веќе 82 години. Неговиот претходник, славниот двократен мундијалски шампион Виторио Поцо го постави тој рекорд од 30 натпревари без пораз во периодот помеѓу 1935 и 1939 година.

Под водство на Поцо Италија стана светски шампион на Мундијалот во 1934 година на домашен терен, но победничката серија тогаш беше прекината во ноември истата година кога Англија ги победи „Аѕурите“ со 3:2 во познатата Битка за Хајбери, па Италијанците почнаа нова серија која траеше до 1939. Во меѓувреме го освоија Централноевропскиот куп во 1935, Летните олимписки игра во 1936 во Берлин и Мундијалот во 1938 во Франција. Серијата без пораз на Поцо почна со ремито 2:2 против Унгарија од 24 ноември 1935 и заврши со изненадувачкиот пораз од Швајцарија на 12 ноември 1939 на пријателска во Цирих.

Серијата на Виторио Поцо:

  1. Италија - Унгарија 2:2
  2. Швајцарија - Италија 1:2
  3. Италија - Австрија 2:2
  4. Унгарија - Италија 1:2
  5. Италија - САД 1:0
  6. Италија - Јапонија 8:0
  7. Италија - Норвешка 2:1
  8. Италија - Австрија 2:1
  9. Италија - Швајцарија 4:2
  10. Германија - Италија 2:2
  11. Италија - Чехословачка 2:0
  12. Италија - Унгарија 2:0
  13. Чехословачка - Италија 0:1
  14. Норвешка - Италија 1:3
  15. Швајцарија - Италија 2:2
  16. Франција - Италија 0:0
  17. Италија - Белгија 6:1
  18. Италија - Југославија 4:0
  19. Италија - Норвешка 2:1
  20. Франција - Италија 1:3
  21. Италија - Бразил 2:1
  22. Италија - Унгарија 4:2
  23. Италија - Швајцарија 2:0
  24. Италија - Франција 1:0
  25. Италија - Германија 3:2
  26. Италија - Англија 2:2
  27. Југославија - Италија 1:2
  28. Унгарија - Италија 1:2
  29. Романија - Италија 0:1
  30. Финска - Италија 2:3
Поцо со пехарот од Мундијалот 1934

Под водство на Манчини Италија има загубено само два пати, а последниот пат беше на 10 септември 2018 кога во Лигата на нации загубија со 1:0 од Португалија. Првиот пораз се случи на 1 јуни 2018 на пријателска против Франција во Ница (3:1), што всушност беше само втор натпревар на Манчини како селектор.

Серијата на Роберто Манчини:

  1. Италија - Украина 1:1
  2. Полска - Италија 0:1
  3. Италија - Португалија 0:0
  4. Италија - САД 1:0
  5. Италија - Финска 2:0
  6. Италија - Лихтенштајн 6:0
  7. Грција - Италија 0:3
  8. Италија - Босна и Херцеговина 2:1
  9. Ерменија - Италија 1:3
  10. Финска - Италија 1:2
  11. Италија - Грција 2:0
  12. Лихтенштајн - Италија 0:5
  13. Босна и Херцеговина - Италија 0:3
  14. Италија - Ерменија 9:1
  15. Италија - Босна и Херцеговина 1:1
  16. Холандија - Италија 0:1
  17. Италија - Молдавија 6:0
  18. Полска - Италија 0:0
  19. Италија - Холандија 1:1
  20. Италија - Естонија 4:0
  21. Италија - Полска 2:0
  22. Босна и Херцеговина - Италија 0:2
  23. Италија - Северна Ирска 2:0
  24. Бугарија - Италија 0:2
  25. Литванија - Италија 0:2
  26. Италија - Сан Марино 7:0
  27. Италија - Чешка 4:0
  28. Турција - Италија 0:3
  29. Италија - Швајцарија 3:0
  30. Италија - Велс 1:0
  31. Италија - Австрија 2:1

Манчини постави и рекорд за најдолга победничка серија од 12 натпоревари во низа. Претходниот рекорд од 9 натпревари беше во сопственот на, нормално, Виторио Поцо.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе