Италија со предупредување до ЕУ дека ќе се распадне ако кон таа држава се однесува како кон лепрозен

Италијанскиот министер за надворешни работи предупредува дека Европската Унија „ќе се распадне“ доколку владите на земјите од ЕУ, во текот на летната туристичка сезона, ги третираат Италијанците како лепрозни поради „црниот список“ на кој ја ставаат Италија како еден од европските епицентри на коронавирусот.

Луиџи Ди Мајо го објави тој статус на својот Facebook профил денеска по одлуката на Грција да ги исклучи Италијанците, како и граѓаните на Шпанија, Обединетото Кралство и други земји со висока стапка на инфекција, од списокот на странски туристи кои се добредојдени ова лето.

Италијанскиот министер наведува дека конкуренцијата во туризмот е една работа, но тој инсистираше на здрав и фер европски одговор на барањето за повторно отворање на границите на ЕУ по завршувањето на пандемијата.

„Ако се однесувате поинаку и погрешно, духот на ЕУ ќе се изгуби. И Европа ќе се распадне“.

Ди Мајо го пофали францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан, кој првпат ја посети Италија во средата.

Ди Мајо најави дека следната недела ќе патува во Германија, Словенија и Грција за да ја претстави подготвеноста на Италија за прием на странски туристи. Туризмот и неговите сродни економски гранки учествуваат со околу 13 отсто од БДП на Италија.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе