Италија воведе построги мерки, се проширува и обврската за вакцинација

Соочена со четвртиот бран на инфекции со коронавирус, Италија ги заостри мерките за заштита од коронавирус и ја прошири обврската за вакцинирање.

Владата вчера одобри декрет според кој правилата кои бараат доказ за вакцинација или прележан ковид ќе важат за поголемиот дел од јавниот живот од 6 декември.

Од 6.12. нема влез во барови, ресторани и настани без вакцинација или доказ за прележан ковид.

Приемот во барови, ресторани или настани ќе зависи од можноста да се покаже тој доказ.

Овие мерки ќе се спроведуваат низ целата земја до 15 јануари. Потоа, мерките ќе важат само за регионите кои се прогласени за корона зони и каде ќе бидат потребни построги правила.

Од 15 декември, луѓето кои работат во училиштата, како и полицајците, војниците, спасувачите и вработените во здравствената управа, мора да се вакцинираат против COVID-19.

Здравствените работници, кои требаше да се вакцинираат од април, ќе мора да примат трета доза од вакцината.

Новите правила ќе им го отежнат животот на невакцинираните.

Од 15 октомври, на работните места во Италија се на сила мерките кои бараат доказ за вакцинација, негативен тест за коронавирус или доказ за прележана болест.

Истите правила досега важеа само за патување на долги релации, но ќе бидат проширени и на хотелите, локалниот јавен превоз и регионалниот железнички превоз.

Валидноста на италијанската дигитална зелена карта - потврда за вакцинација или прележан ковид - ќе биде скратена од 12 на 9 месеци.

Италија неодамна забележа значително зголемување на случаите на коронавирус. Вчера, здравствените власти регистрираа скоро 12.500 нови случаи на инфекција и 85 смртни случаи за 24 часа.

Тагови
реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Свет

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе