Италија од денеска забранува влез на нејзина територија од 13 земји за кои процени дека имаат премногу случаи на COVID-19.
На списокот, составен од Министерството за здравство, се Бахреин, Бангладеш, Босна и Херцеговина, Бразил, Доминикана, Ерменија, Кувајт, Молдавија, Оман, Панама, Перу, Северна Македонија и Чиле.
– Забраната се однесува на сите што престојувале во тие земји или поминале низ нив во изминатите 14 дена, изјави министерот за здравство Роберто Сперанца.
Патниците од сите други земји надвор од Европската Унија и Шенген зоната можат да влезат во Италија, но по пристигнувањето тие мора да поминат 14 дена во карантин.
– Пандемијата е во најостра фаза низ целиот свет, рече Сперанца.