Филм & ТВ

Италијанци кои се претставувале како Џорџ Клуни уапсени по девет години бегство

17. јуни 2019 - 8:49 | А.С.

Двајца италијански државјани кои го користеле името на холивудскиот актер Џорџ Клуни за да промовираат моден бизнис беа уапсени на Тајланд по девет години во бегство, објави BBC.

Франческо Галдели (58)  Вања Гофи (45) беа ставени на црвена Интерпол потерница во 2013 година. Актерот Џорџ Клуни ги тужеше на суд во Италија во 2010 година и сведочеше против нив дека го користеле неговото име со цел да направат измама.

Обвинетите се бараат и за низа други измами во Италија.

Галдели и Гофи побегнаа од родната земја за да избегнат апсење и ги добија прекрарите „италијанските Бони и Клајд“ по легендарната американска гангстерска двојка.

Двајцата беа уапсени во саботата во заедничка акција на тајландските и италијанските власти, во предградие на Патаје.

„За време на испрашувањео Франческо призна дека се претставувал како Џорџ Клуни за да почне бизнис со облека, лажејќи луѓе да инвестираат во бизнисот“, соопшти тајландската полиција.

Двајцата живееле на Тајланд од 2014 година, кога Галдели беше уапсен, но успеа да побегне по судењето.

Италијанските медиуми пишуваат дека двајцата живееле на Тајланд и продавале лажни Rolex рачни часновници преку интернет.

Се товарат за кршење на визниот закон, а се очекува да бидат испорачани во Италија.

Коментирај