Италијанците станаа светски шампиони и во слаткарство

Репрезентацијата на Италија се искачи на светскиот трон откако нивните десерти добија најмногу поени од жири комисијата.

Готвачите Лоренцо Пука, Масимо Пика и Андреа Рестуча ѝ донесоа на Италија уште една титула светски шампион откако на Мундијалот кој се одржа во рамките на Саемот за угостителство во Лион триумфираа пред составите на Јапонија и Франција.

Италијанците победија со своите специјалитети чоколаден десерт, торта од сладолед и десерт за послужување во ресторан. Во категоријата сценографија направија скулптура од шеќер висока 165 сантиметри и чоколадни гранки.

Новитет на овогодинешното првенство е категоријата десерт за послужување во ресторан каде слатките мора да бидат токму онакви какви што би се послужиле во ресторан.

Специјално стручно жири ги пробуваше и оценуваше слатките по вкус и изглед, а во состав Себастјан Воксион, Брендон Дихан, Жорди Рока, Еунџи Ли, Џузепе Амато, Глен Вил, Сан Хон и Доминик Крен.

Италијанската репрезентација на чело со селекторот Алесандро Далмасо имаше на располагање 10 часа за да ги изработи слатките. Секој член на репрезентацијата беше задолжен за одреден дел од композицијата.

Десерт за споделување: Слика лево - Внимателно избрани најдобрите суровини и со нивна употреба да се добие комплексен ароматичен букет создаден со спојување на зрна какао и ванила и комбинација од Тароко портокали од Сицилија и егзотично овошје.

Замрзнат десерт: Средна слика - Содржи многу овошје, од егзотични до црвени плодови, завиткано во деликатна прегратка од бадеми и ванила.

Ресторански десерт: Слика десно - Создадоа десерт во чинија додавајќи мед и благодарение на неговиот сладок вкус се обидоа да го вратат жирито во нивното детство, проектирајќи го во иднината преку иновативни техники за подготовка.

На крајот Италија собра 7.744 поени и го освои пехарот, додека втора заврши Јапонија со 7.440 поени, а трета Франција со 7.364.

Конечен пласман на сите 11 учесници:

  1. Италија 7.744
  2. Јапонија 7.440
  3. Франција 7.364
  4. Обединето Кралство 6.676
  5. Швајцарија 6.552
  6. Чиле 5.444
  7. Јужна Кореја 5.368
  8. Мексико 5.024
  9. Русија 4.948
  10. Алжир 4.360
  11. Египет 3.856
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Рецепти

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Read more

Ловечки шницли на руски начин

Read more

Трик за брзо и лесно лупење лук

Read more

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе