Италијанската полиција заплени 1,2 тони дрога во близина на пристаништето Бари.
Според полицијата, на која се повикуваат албанските медиуми, марихуаната со потекло од Албанија била откриена во еден голем моторен чамец што пловел кон Бари.
Во акцијата се уапсени и двајца албански државјани кои биле во моторниот чамец. За време на акцијата, што полицијата ја реализираше со помош на хеликоптери и моторни чамци, шверцерите фрлиле дел од дрогата во море со цел да ја изиграат полицијата.
Истите извори наведуваат дека дрогата е сигурно дека била натоварена во еден од поморските градови на Албанија и е произведена во Албанија.