Рецепти

Италијански деликатес: Потпечени њоки во сос со домат и маслинки

15. ноември 2019 - 14:17 | М.С.

Ќе го обожавате овој рецепт за мирисни и вкусни њоки.

Варените њоки промешајте со сос од домат и маслинки, и запечете ги во рерна со сирење.

Состојки:

400 гр. њоки

Конзерва домати

100 гр. црни маслинки

Две чешниња лук

Сушено оригано

Сув босилек

Сол, бибер

Маслиново масло

150 гр. сирење

Начин на подготовка:

Сварете ги њоките во солена, зовриена вода. На маслиново масло издинстувајте ситно сецкан лук, додајте ги доматите од конзерва и уште 200 милилитри вода.  Оставете да зоврие десетина минути, зачинете со сушени зачини, сол, бибер и на крај додајте маслинки.

Измешајте ги њоките со сосот, ставете во садот за печење и нарендајте сирење на врвот. Печете додека да добијат златеста боја.

Коментирај