Италијански десничарски политичар уби Мароканец среде плоштад

Член на Лигата и шеф на градската канцеларија за безбедност во Вогера, Северна Италија уби Мароканец со кого претходно влегол во конфликт.

Уапсен е Масимо Адриатичи, советник во Лигата и поранешен полициски командант, а отворена е истрага за прекумерна употреба на сила, објави новинската агенција ANSA, повикувајќи се на извори на истрагата.

Локалната полиција не беше достапна за коментар на барање на новинската агенција Agence France-Presse.

Жртвата е 39-годишен Мароканец кој бил застрелан во градите.

Жртва на агресија

Според локалните медиуми, Мароканецот синоќа наводно ѝ додевал на жена пред бар на плоштадот во Вогера (близу Павија во Ломбардија), па градскиот советник решил да интервенира и повикал полиција. Мароканецот почнал да го турка и Адриатичи, кој имал пиштол со себе. Десничарскиот политичар тврди дека оружјето само испукало во моментот кога паднало на земја.

Матео Салвини, поранешен министер за внатрешни работи, тврди дека Адриатичи бил „жртва на агресија“ и реагирал во „легитимна одбрана“.

„Случајно пукаше, што за жал погоди странец“, рече Салвини во видео објавено на неговата Facebook страница.

Алан Ферари, централно-левичарски сенатор од Демократската партија и локален советник, го повика Салвини да ја осуди ваквата постапка.

„Во цивилизирана и демократска земја, шефот на градската канцеларија за безбедност не пука во никого“, рече Ферари.

Тагови
реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Свет

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе