Италијански медиуми: Гвардиола нов тренер на Јувентус од 4 јуни

Откако Масимилијано Алегри најави дека си заминува од Јувентус по истекувањето на договорот на крајот од сезоната, неколку тренери беа поврзувани со слободната позиција. Но, никој не очекуваше дека помеѓу кандидатите ќе биде и Пеп Гвардиола, за кој италијанските медиуми велат дека се договорил со раководството на „старата дама“.

Според спортскиот портал Calcio Mercato, Пеп Гвардиола ги прифатил условите на Јувентус и се очекува да го преземе италијанскиот шампион веќе од 4 јуни.

Проблемите на Манчестер Сити со финансиските нерегуларности за кои се под истрага од УЕФА можат да бидат вистински благослов за Јувентус, кој и онака мораше да бара тренер по крајот на оваа сезона. Италијанските медиуми тврдат дека Гвардиола веќе одлучил да потпише повеќегодишен договор со Јувентус кој почнува од 4 јуни, а официјално би бил претставен како нов тренер на 14 јуни.

Јувентус оваа сезона не успеа да ја оствари својата цел, триумф во Лигата на шампионите, и покрај тоа што во летниот преоден рок беше донесен Кристијано Роналдо, кој требаше да му помогне на тимот да го освои врвот на Европа.

Заминувањето на Пеп Гвардиола не би требало да ја зачуди фудбалската јавност. Иако тој освои домашен „требл“ со три трофеи во трите домашни натпреварувања (Премиер лига, ФА куп, Карабао куп), сепак над неговата глава виси потенцијалната забрана за учество во европските натпреварувања што му се заканува на Манчестер Сити поради неодамна откриените нерегуларности во финансиското работење.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Read more

Крај на сезоната за Де Јонг

Read more

Официјални состави: Милан - Интер

Read more

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Читај повеќе