Италијански пекол: Стотици луксузни автомобили Maserati и Fiat изгореа на пристаниште

Во пожар што пред неколку дена го зафати пристаништето во Савона, Италија изгореа стотици нови луксузни автомобили на италијанските производители Maserati и Fiat.

Според локалните медиуми, во пожарот што избил на 30 октомври, утрото во 3 часот и 30 минути, биле зафатени стотици нови возила, од кои најголем дел автомобили Fiat 500L, како и возила Maserati наменети за пазарот на Блискиот Исток.

На огнената стихија ѝ претходеше бура поради која нивото на водата во пристаништето Савона беше зголемено и паркингот на кој биле оставени новите автомобили предвидени за извоз бил поплавен.

Бидејќи биле изложени на солената морска вода, акумулаторите во некои од паркираните автомобили експлодираа, а силниот ветер придонесе за брзо ширење на пожарот и уништување на стотина автомобили.

Поради лошите временски услови, противпожарните екипи се мачеа да се справат со огнената стихија, а дополнителна опасност претставуваа повремените експлозии на автомобилите.

Нема повредени во инцидентот, ниту во напорите за гасење на пожарот.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more
 

Вести

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе