Италијански семејства на жртви на COVID-19 бараат од државата отштета од 100 милиони евра

Петстотини семејства на жртви на пандемијата на коронавирус ќе поднесат приватни тужби против италијанската држава и ќе бараат 100 милиони евра поради сериозни пропусти во управувањето со кризата, објавија денеска медиумите.

Тужби ќе бидат поднесени против италијанскиот премиер Џузепе Конте, министерот за здравство Роберт Сперанца и Атилио Фонтана, претседател на Ломбардија, покраината што беше најлошо погодена за време на пандемијата, со речиси 25.000 смртни случаи од вкупно 70.000 починати во Италија од февруари досега.

Овие приватни тужби доаѓаат по околу триста кривични пријави, наведува здружението „Осудуваме“, кое ги обединува членовите на семејствата на жртвите и ги иницира судските процеси.

Тужбите беа поднесени во последните месеци главно во Државното правобранителство во Бергамо, во северниот дел на Италија.

Државното правобранителство спроведува неколку одделни истраги поврзани со трагедијата.

Адвокатите на здружението „Осудуваме“ наведуваат „сериозни пропусти на регионалните власти во Ломбардија и на централната влада“ при организирање одговор против пандемијата, објави денеска на својата веб-страница локалниот весник „Бергамоњуз“.

Меѓу другото, тие го критикуваат недостатокот на ажуриран национален план за борба против пандемијата и доцнењето со воспоставување на „црвената зона“ во февруари, со која биле опфатени две општини во Бергамо, Нембро и Алзано Ломбардо, особено погодени од епидемијата на коронавирусот.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Свет

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Read more
 

Вести

Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња, димна бомба на гласачко место во Скопје

Читај повеќе

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Читај повеќе

На 12,78 отсто се искачи одзивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Читај повеќе

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Читај повеќе

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе
  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе