
Италијанскиот супервулкан Campi Flegrei (Флегрејски Полиња) синоќа бил погоден од земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала, кој предизвикал мала материјална штета во градот Поцуоли, кој бил во епицентарот, но и во Неапол, на 20-ина километри, според италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (INGV).
Граѓаните пријавиле оштетување на ѕидовите. Земјотресот со јачина од 4,4 степени на длабочина од 3 километри е најсилниот земјотрес што го погодил ова подрачје во последните 40 години, покажуваат податоците на INGV.
Во изминатите 48 часа супервулканот се најде сред сеизмичка бура, односно го потресоа повеќе од десетина земјотреси со јачина поголема од 2 степени, пишува CNN.

INGV забележа 1.252 земјотреси во областа Campi Flegrei овој април, од кои повеќето беа со магнитуда помала од 1. Последната голема ерупција на супервулканот се случи во 1538 година, кога беше создаден нов залив на италијанскиот брег.
INGV бележи зголемување на сеизмичката активност во областа од 2022 година, што може да биде резултат на акумулација на магма под површината или акумулација на гас.
Вулканот е оддалечен околу 50 километри од Везув. Повеќе од 500.000 луѓе живеат во црвената зона веднаш до Campi Flegrei. Оваа година, италијанската цивилна заштита ги ажурираше плановите за евакуација во случај на голема катастрофа.