ВО БЕГСТВО ОД 2019 ГОДИНА

Италијанскиот мафијаш Роко Морабито уапсен во Бразил

Италијанскиот мафијаш Роко Морабито, познат шверцер на дрога, кој беше во бегство од јуни 2019 година откако побегна од затвор во Уругвај, беше уапсен во понеделникот во Жоао Песоа, на североистокот на Бразил, соопштија властите.

Роко Морабито, кого го сметат за водач на калабриската мафија ‘Ндрагета, беше фатен заедно со друг италијански бегалец „чиј идентитет не е откриен“, по заедничката истрага на Бразил и Италија, соопшти бразилската федерална полиција. Овие се најбараните криминалци во Италија, според бразилската полиција.

„Од 90-тите години на минатиот век има траги од вмешаност на Роко Морабито во организирање шверц на дрога меѓу Бразил и Европа“, рече полицијата, која закажа прес-конференција за денеска на која ќе даде детали за операцијата.

Морабито (54) е уапсен по наредба на Врховниот суд.

Италијанското правосудство трага по Морабито од 1995 година под обвинение за нелегално здружување и шверц на дрога. Во отсуство, тој беше осуден на 28 години затвор, а потоа на 30 години. Италијанецот, кој важи за еден од најбараните криминалци во светот, беше уапсен во 2017 година во хотел во Монтевидео откако 13 години живеел во уругвајското одморалиште Пунти дел Есте под лажен идентитет.

Уругвајското правосудство ја одобри неговата екстрадиција во Италија во 2018 година, но во јуни 2019 година тој успеа да избега над покривот од најголемиот затвор во Монтевидео и оттогаш е во бегство.

реклама

Свет

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Read more

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Read more

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Read more

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Read more
 

Вести

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе