Италијанскиот министер за култура, Џенаро Санџулиано, поднесе оставка поради контроверзите за советничката улога на неговата поранешна љубовница, што е удар за владата на премиерката Џорџа Мелони.
Санџулиано, 62-годишниот поранешен новинар, се соочи со медиумско лудило откако самопрогласената модна претприемачка Мариа Росариа Бока минатиот месец објави дека е назначена за „советник на министерот за големи настани“.
Министерството за култура првично го одби таквото именување, но Санџулиано подоцна објасни дека се согласил да ја вработи како неплатен консултант пред да се премисли поради конфликт на интереси.
Санџулијано во своето денешно писмо до премиерката Мелони, бранејќи ја неговата постапка и негирајќи какво било прекршување на министерските правила.
Сепак, поранешниот министер призна дека таа е негова љубовница во емотивното телевизиско интервју во средата, при што им се извини на сопругата и на премиерката, а потоа додаде дека Мелони ја одбила неговата прва понуда да поднесе оставка.
Случајот доминираше во насловите и привлече споредби со минатите секс и политички скандали, вклучувајќи ги и злогласните ноќни забави „бунга бунга“ организирани од поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони.
Мелони брзо го избра Алесандро Џулио, шеф на римскиот музеј за современа уметност MAXXI, за нов министер за култура кој ќе положи заклетва.
Тоа е прва министерска смена во нејзината десничарска влада, која функционира солидно во последните две години, со висок рејтинг и соочена со поделената опозиција.