Италијанските региони Ломбардија и Венето денеска на реферeндум за поширока автономија

Италијанските региони Венето и Ломбардија денеска гласаат на референдуми во кои граѓаните треба да се изјаснат дали сакаат поголема автономија за нивните регионални власти во однос на Рим.

Ќе имаат можност да се изјаснaт околу 11 милиони избирачи во двата најбогати региона во Италија.

Изборните места се отворени денеска од 07:00 до 23:00 часот, а на изборите е можно да се гласа единствено лично, но не и од странство или преку пошта.

Резултатите од референдумот ќе бидат објавени подоцна во текот на ноќта.

Иако политичарите од Ломбардија и Венето и порано се залагаа за независност од Рим, лидерите на овие два соседни региона на северот на Италија јасно истакнаа дека референдумите се однесуваат на автономија, а не на сецесија.

Инаку, сите десно ориентирани партии во Италија го поддржаа одржувањето на референдумот, иако повикаа да не се прават споредби со движењето за независност во Каталонија. И големата протестна партија Пет Ѕвезди, која моментално води на анкетите во пресрет на парламентарните избори кои се очекуваат во 2018 година, го поддржа одржувањето на денешниот референдум.

Регионалните власти на Ломбардија и Венето бараа поголеми овластувања во здравството, образованието и инфраструктурата, но и во контрола на границите, што станува едно од најважните прашања во Италија, која се најде притисната од големиот мигрантски бран од Либија.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Read more

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more
 

Вести

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе