Филм & ТВ

Итан Хок како Никола Тесла во биографски филм за српскиот научник

12. февруари 2018 - 20:23 | М.Д.

После Николас Хоулт, кој го толкуваше ликот на српскиот научник во остварувањето „The Current War“ и Дејвид Боуви кој на големото платно го претстави ликот на славниот пронаоѓач, ликот на Никола тесла овојпат ќе го толкува Итан Хок.

Проектот под име „Тесла“ ќе им биде понуден на инвеститорите на Европскиот филмски маркет, кој почнува оваа недела во Берлин, пренесува „Холивуд Репортер“.

Остварувањето би требало повторно да ги спои Итан Хок и Режисерот Мајкл Алмерејд. Тие двајца порано соработуваа на две филмски остварувања.

Сценариото за филмот околу Никола Тесла го напишал Алмерејд.

Биографското остварување ќе го прикаже животот на познатиот српски пронаоѓач, вклучувајќи го и ривалството со Томас Едисон и конструкцијата на некои изуми.

Подготовките би требало да почнат на пролет, а набргу потоа планиран е и почеток на снимањето во северниот дел на американската држава Њујорк.

Коментирај