Чек дис аут

Иванка Трамп направи грешка кога му честиташе на Борис Џонсон

23. јули 2019 - 17:54 | Б.С.Б.

Ќерката на американскиот претседател на Twitter му ја честиташе премиерската позиција на Борис Џонсон, но со географска грешка.

Иванка направи голема грешка, па новиот премиер го смести во измислена држава, Обединетиот Кингстон, сакајќи да напише Обединетото Кралство.

„Ви честитам Борис Џонсон што станавте новиот премиер на Обединетиот Кингстон“, напиша Иванка која работи како советник на нејзиниот татко.

Кингстон е главниот град на Јамајка. Иако таа ја поправи грешката, корисниците на Twitter не дозволија истата да биде избришана и коментираа за тоа. Повеќето се шегуваат на нејзина сметка и на сметката на Доналд Трамп.

„Интернетот никогаш не заборава“, ја потсетија во коментари корисниците на Twitter.

Коментирај