Претседателот Ѓорге Иванов му врачи мандатот за состав на влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Како што нагласи Заев, до Иванов биле доставени гаранции за заштитата на уставниот поредок и територијалната целина, како и тоа дека ниеден документ, платформа или ставови не можат да бидат услов или основа за формирање или пак дејствување на новата влада во Македонија.