Иванов не ги потпиша законите за антидискриминација и за ОТА

Скопје, 26 март 2019 (МИА) – Претседателот Ѓорге Иванов не ги потпиша указите за прогласување на законите за заштита од дискриминација и за оперативно техничката агенција и електронски комуникациија, и ги врати повторно на гласање во Собранието.

Иванов, според образложението што го доставил до Собранието, указите не ги потпишал бидејќи во извршувањето на функцијата секогаш постапувал согласно дадената свечена изјава дека ќе го штити Уставот и, како што вели, ќе ги брани интересите на Република Македонија.

-Со непотпишувањето на Указите за рефомските закони, меѓу кои Законот за оперативно техничката агенција и за електронски комуникации, Ѓорге Иванов се потврди како кочничар на реформите и противник на професионалнилизација на безбедносните служби, изјави денеска Јагода Шахпаска, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

Освен овие закони, како што истакна Шахпаска, претседателот Иванов одбива да го потпише и Указот на Законот за заштита од дискриминација.

Со тоа, според Шахпаска, Иванов се потврдува како промотор на дискриминацијата и противник на професионална Државна комисија за заштита од дискриминација.

-Како што го започна така и го завршува мандатот. Иванов е против реформскиот процес, Иванов е против концептот фер општество кое штити од секаков облик на дискриминација. И во последните денови од мандатот, Иванов останува доследен во своето делување спротивно на интересите на граѓаните и државата, вели Шахпаска.

Овие закони утре повторно треба да се најдат на собраниска седница, по што откако повторно ќе бидат усвоени ќе се објават во Службен весник.

Претседателот Иванов не ги потпишува законите од 11 јануари, кога во Собранието беа усвоени уставните измени за промена на името на државата во Република Северна Македонија. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе