Иванов: Ова е тажен ден за сите нас

Скопје, 14 февруари 2019 (МИА) – Ова е тажен ден за Македонија, тажен ден за сите нас. Вакви настани да не ни се случуваат. Нека им е вечна слава, истакна претседателот Ѓорге Иванов, во своето обраќање на комеморативната седница на Општина Гостивар, по повод трагичната сообраќајна несреќа, што вчера попладне се случи на автопатот Скопје-Тетово.

„Се вели дека луѓето не умираат кога ќе ги погребат, туку кога ќе ги заборават. Да остане споменот за овие луѓе вечен, да се сеќаваме на нив, да ги спомнуваме, и на нивните најблиски да им помагаме овие тешки моменти да ги пребродат. Тешка е загубата, но уште потешко е ако вакви настани ни се повторуваат. Ова е поука да бидеме секој пат внимателни“, рече претседателот Иванов.

Иванов, како што информираа од неговиот кабинет, истакна дека тие луѓе кои ги изгубиле своите животи ги изгубиле своите соништа, планови, сите свои мечти, а се стремеле да имаат добар и среќен живот.

„Нека биде поука да бидеме сплотени, да се почитуваме, и секој пат да си укажуваме на вакви моменти поддршка, затоа што животот е краток, многу брзо проаѓа. Нека биде животот исполнет со моменти на среќа и на радост, а не со тага. Уште еднаш изразувам најдлабоки сочувства до семејствата, до пријателите, до блиските, до општината, до државата. Ова е тажен ден за Македонија, тажен ден за сите нас. Вакви настани да не ни се случуваат. Нека им е вечна слава“, рекол претседателот Иванов во обраќањето пред советот на Општина Гостивар.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе