Свет

Избор на највлијателните жени во историјата ја подели јавноста

10. август 2018 - 9:00 | МИА

Лондон, 10 август 2018 (МИА) - Марија Кири Склодовска, полско- француска научничка, е највлијателна жена во историја, одлучија учесниците во анкетата на BBC.

Тие ја рангираа Кири на првото место на листата на сто жени, кои го променија светот, бидејќи таа беше првата личност, која освои две Нобелови награди (физика во 1903 година и хемија во 1911 година) и поради истражувањето за радиоактивноста - зборот кој е таа самата го смислила.

Во Велика Британија наскоро ќе се прослави стогодишнината од правото на глас на жените и во ек е дебата за подобра застапеност на жените во општеството и намалување на јазот во платите помеѓу половите.

На второ место е американската активистка Роза Паркс, која одбила да му го отстапи своето место во автобус на бел човек и така ја покренала борбата за правата на црнците во Америка, а на трето е Емелин Панкхерст, најзаслужна што жените добиле право на глас.

Англиската математичарка и пионерка на компјутерско програмирање Ада Лавлејс се најде на четвртото место на листата, додека петта е  хемичарка Розалинд Френклин, кој придонесе за разбирање на молекуларната структура на ДНК.

Изборот предизвика и негодувања, пишува „Гардијан“. Дали Маргарет Тачер навистина е на шесто место, а принцезата Дијана на 15?

И дали Елеанор Аквитанска (на 11-то), моќна жена на двајца кралеви,  францускиот Луј Седми и англискиот Хенри Втори, имала поголемо значење за светската историја од Дева Марија на 12-тото место.

Коментирај