Избори во Италија: Дали наследниците на Мусолини ќе го сменат Уставот?

Италијанската десничарка Џорџа Мелони изгледа незапирливо: сè укажува на нејзина убедлива победа на изборите в недела, како лидер на првата повоена италијанска екстремно десничарска влада и ќе стане нејзин прв премиер.

Иако последните анкети беа спроведени пред две недели, бидејќи според законот не може да се спроведат непосредно пред изборите, ништо не укажува на можна промена на трендот.

Десничарската коалиција, која ги вклучува постфашистичката Италијански браќа на Мелони, антиимигрантската Лега (Lega) на Матео Салвини и партијата Форца Италија (Forza Italia) на Силвио Берлускони, според тие анкети треба да добие 46 отсто од гласовите. Левицата, предводена од Демократската партија (Partito Democratico - PD), најверојатно ќе добие 28,5 отсто од гласовите, а популистичкото Движење 5 ѕвезди (Movimento 5 Stelle - М5S) 13 отсто.

Лидерот на Демократската партија, Енрико Лета, веќе практично го призна поразот во јавните говори, но тој ги повика неопределените гласачи да гласаат за неговата партија или ризикуваат убедлива победа на десницата, што ќе ѝ овозможи да го промени Уставот.

„Ќе гласам за Мелони“, рече Бернардо, 55-годишен адвокат кој не сакаше да го каже своето презиме, додавајќи дека сака да „ѝ одржи лекција на Демократската партија“ поради нејзината негативна кампања заснована на „омраза кон другите“.

Драги поднесе оставка во јули

Предвремените избори беа распишани откако премиерот Марио Драги поднесе оставка во јули, откако три партии во неговата коалиција ја повлекоа својата поддршка, што предизвика неизвесност во земјата која се бори со инфлација и рекордна суша.

Десничарската коалиција ветува екстремно скапи решенија за поскапувањето на енергенсите и трошоците за живот, но не објасни како планира да плати за тоа. ЕУ одвои речиси 200 милијарди евра за постпандемиското закрепнување на Италија, која има втор најголем национален долг во еврозоната.

Мелони (45), која негува имиџ на директна, одлучна личност, рече дека ќе бара повторно преговарање за договорот, што зависи од спроведувањето на реформите во Италија. Левицата инсистира дека овие пари се сомнителни доколку победи десницата.

Во коалицијата е и партија која е создадена од партијата на симпатизерите на Мусолини

На изборите во 2018 година, партијата Браќа на Италија (Fratelli d'Italia - FdI) освои нешто повеќе од 4 отсто од гласовите, а сега на анкетите добиваат 24 отсто и покрај тоа што имаат политичко потекло во италијанското социјално движење (MSI), кое беше основано од приврзаниците на фашистичкиот диктатор Бенито Мусолини по Втора светска војна.

Мелони ги привлекува Италијанците со своето мото „Бог, татковината и семејството“, крадејќи ја поддршката од некогаш популарниот Салвини, кој аналитичарите велат дека ја запечатил неговата политичка судбина со неуспешниот обид да ја узурпира власта во 2019 година.

Има уште простор за изненадувања

Мелони ветува дека ќе ги намали даноците и бирократијата, ќе ги зголеми трошоците за одбрана, ќе ги затвори границите на Италија за да ја заштити земјата од „исламизацијата“, ќе преговара за европските договори за враќање на повеќе овластувања на Рим и ќе се бори против „ЛГБТ лобито“.

Победата на десницата би била „голем ризик“ за ЕУ, рече Лета за AFP во август, бидејќи „ниту една голема европска земја никогаш не била управувана од политички сили толку јасно против идејата за заедница на Европа“.

Десницата, сепак, е многу поделена поради руската инвазија

Десницата е длабоко поделена околу руската инвазија. Мелони поддржува испраќање оружје во Украина, додека Салвини, долгогодишен обожавател на рускиот претседател Владимир Путин, се противи на санкциите. Левицата, пак, сака да продолжи таму каде што застана проевропскиот Драги.

Но, нејзините повици за континуитет звучат помалку убедливо за осиромашените и исплашени гласачи во силно задолжената Италија отколку ветувањата за промени, велат аналитичарите. Сè уште има „простор за изненадувања“, изјави италијанската политиколог Надија Урбинати за вчерашното издание на весникот Domani, особено ако се земе предвид дека анкетите покажуваат дека 20 отсто од гласачите се неопределени.

Тагови
реклама

Авион ја промаши пистата кај Монпелје и заврши во езеро

Read more

Потенцијално сценарио: Како би изгледал нуклеарниот напад на Путин во Украина?

Read more

Надал плачеше за Федерер, на крајот и Ѓоковиќ се расплака

Read more

Прво сценарио: Русите фрлаат нуклеарка, Американците одговараат и толку  - кое е второто?

Read more

Свет

Русија го смени заменикот на Шојгу

Read more

Ураганот Фиона го погоди источниот дел на Канада

Read more

Авион ја промаши пистата кај Монпелје и заврши во езеро

Read more

Кина ги предупреди САД дека испраќаат „опасни сигнали“ до Тајван

Read more
 

Вести

Русија го смени заменикот на Шојгу

Читај повеќе

Ураганот Фиона го погоди источниот дел на Канада

Читај повеќе

Авион ја промаши пистата кај Монпелје и заврши во езеро

Читај повеќе

Притвор за двајца крадци фатени на дело во Кумановско

Читај повеќе

Кина ги предупреди САД дека испраќаат „опасни сигнали“ до Тајван

Читај повеќе

Потенцијално сценарио: Како би изгледал нуклеарниот напад на Путин во Украина?

Читај повеќе

Штипската „Пастрмалијада“ продолжува вечерва со настап на Тони Цетински

Читај повеќе

Сончево со ниски утрински температури

Читај повеќе

Бектеши: Се прават напори наставата во зимскиот период да се одвива со физичко присуство

Читај повеќе