Избори во САД: Демократите пред мнозинство во Претставничкиот дом, републиканците ја задржаа контролата над Сенатот

Вашингтон, 7 ноември 2018 (МИА) – Демократската партија е на пат да освои мнозинство во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, додека републиканците успеаја да ја задржат контролата врз Сенатот, покажуваат нецелосните резултати од вчерашните конгресни избори во САД.

Според резултатите од избраните 401 од вкупно 435 членови на Претставничкиот дом, демократите освоија 210 конгресмени, а републиканците 191. Предвидувањата се дека на крајот демократите ќе успеат да освојат над 218 места, колку што се неопходни за мнозинство во Долниот дом на Конгресот.

Во Сенатот, пак, со досега избраните 29 од 35-те сенатори што одеа на реизбор, републиканците веќе освоија 51 место, колку што е неопходно за сенатско мнозинство. Демократите досега загубија три од местата што досега ги држеа и во мометов имаат 43 сенатори.

Меѓу сенаторите што ги задржаа своите места се независниот кандидат од таборот на демократите Берни Сандерс во Вермонт, демократотскиот потпретседателски кандидат на изборите во 2016 година Тим Кејн во Вирџинија, како и републиканецо Тед Круз во Тексас.

Во својата прва оценка на изборните резултати, американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека тие претставуваат „огромен успех“.

„Огромен успех оваа вечер. Ви благодарам на сите“, напиша Трамп на Твитер, кој во текот на кампањата активно агитираше во прилот на републиканските кандидат, во обид републиканците да ја задржат контролата барем над еден од двата дома на Конгресот.

Што се однесува пак до изборите за гуверенерите на 36 од 50-те американски сојузни држави, републиканците успеаја да освојат 20 места, вклучително и оние во Флорида и Охајо, кои важеа за едни од најнеизвесните изборни трки. Покрај во овие две држави републиканските кандидати за гувернери победија и во Алјаска, Вермонт, Мериленд, Масачусетс и Тексас.

Демократите пак успеаја да победат на изборите за гувернер во 13 држави, меѓу кои и во Њујорк, Калифорнија, Пенсилванија, Колорадо, Мичиген, Канзас, Илиноис, Ново Мексико и Орегон.

Неизвесна битка се води во Џорџија, каде засега републикнецот Брајн Кемп има мала предност пред демократката Стејси Абрамс. Абрамс е првата Афроамериканка кој има шанси да стане гувернер на Џорџија.

Изборите беа одбележани со голема излезеност и долги редови пред гласачките места, но и со дефекти на гласачките машини во Џорџија.

Американските медиуми наведуваат дека на изборите забележителни резултати остварија претставниците на малцинствата.

Така, во трката за гувернер на Колорадо победи демократот Џаред Полис, кој е јавно деклариран хомосексуалец, а неговата сопартијка Шарис Дејвидс стана првата Индијанка избрана за член на Конгресот од Канзас.

Во Претставничкиот дом првпат се избрани и две муслиманки. Станува збор за Илхан Омар и Рашида Тлаиб, кои победија во своите изборни единици во Минесота, односно Мичиген.

Дваест и деветгодишната демократката Александрија Оказаио-Кортез со победата во изборната единици во Њујорк стана најмладата жена членка на Претставничкиот дом во историјата на САД.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Свет

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Read more
 

Вести

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе