Избрани 15-те млади поети кои ќе читаат на „Отскочна даска“ 2024

Петнаесет млади поети на возраст од 16 до 25 години се избрани да читаат на „Отскочна даска #3“, преднастан на четвртиот „Скопскиот поетски фестивал“.

На конкурсот пристигнаа 41 пријава, а интерната жири-комисија, составена од членови на управниот одбор и на организацискиот одбор на фестивалот, го направи изборот. Наедно, УО на фестивалот изрази задоволство од бројот на примените пријави, како и од квалитетот на песните и талентот на кандидатите.

Имињата на избраните 15-мина (по азбучен ред на презимето) се: Андреј Анѓеловиќ, Надица Банишка, Сања Василева, Душко Двојаковски, Вероника Димоска, Сара Ѓорѓијоска, Селин Есад, Моника Ивановска, Анамарија Јанкова, Јане Моневски, Милена Неделковска, Мила Поповска, Дарио Постоловски, Стефан Спасовски и Карла Шкрлец (Хрватска).

Настанот ќе се одржи на 29 мај, од 20 часот, во кафе-книжарницата „Буква“, а самите поети учесници ќе имаат задача да го одберат најдобриот меѓу нив, кој ќе чита и на официјалното отворање на фестивалот на 30 мај, заедно со другите учесници во официјалната програма.

– Упатуваме голема благодарност до сите што ни ги пратија своите песни за прочит и би сакале да ги охрабриме да продолжат да пишуваат! Праќаме и покана до сите нив да дојдат на настаните во рамките на фестивалот, што со многу љубов и внимание ги подготвивме за публиката – велат организаторите.

„Скопскиот поетски фестивал“, чиешто четврто издание ќе се одржи во периодот од 29 мај до 1 јуни, е поддржан од Министерство за култура, а негови помагатели се Младинскиот Културен Центар ‒ Скопје, градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒ Скопје, кафе-книжарницата „Буквa“, Хрватското друштво на писатели (HDP), ПНВ Публикации и Хотел Цара 1928. Медиумски покровител е МИА, а медиумски партнери се Радио МОФ, Кајгана, Умно и Култура Бета.

реклама

Објавена првата голема временска прогноза за летото: Што нѐ очекува?

Read more

Совршено подготвен модар патлиџан: Елиминирате ја горчината и подобрете го вкусот

Read more

Азиски мултимилијардер ќе ги реновира Титовите Хаваи кај Дубровник

Read more

Трамп бесен поради неговиот портрет во Колорадо, има порака за уметницата

Read more

Култура

Без зборови – хуманитарен концерт на Македонската филхармонија

Read more

Концертот на Мариа Мендеш и Националниот џез оркестар ќе биде хуманитарен

Read more

Изложбата „Портрети и фигури – избор од колекцијата на Националната галерија“ поставена во Чифте амам

Read more

Светска премиера на симфониската суита Итар Пејо во Филхармонија

Read more
 

Вести

Без зборови – хуманитарен концерт на Македонската филхармонија

Читај повеќе

Антикорупциска врши проверки: Законите да бидат ослободени од коруптивните ризици

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај вечерва во Скопје

Читај повеќе

Народна банка: Во февруари годишен раст од 11,1% на вкупните депозити и од 11,5% на вкупната кредитна поддршка

Читај повеќе

Во скопската населба Маџари диво работел магацин за храна

Читај повеќе

Двајца убиени во пукање во Волково, малолетник со повреди пренесен на клиника

Читај повеќе

Почна проектот Цел Центар на точак, се аплицира за субвенција до 3.000 денари

Читај повеќе

Трамп бесен поради неговиот портрет во Колорадо, има порака за уметницата

Читај повеќе

Скопјанец украл 10 илјади евра од менувачница, го искористил моментот кога вработениот кратко излегол

Читај повеќе