Избрани 15 заменици министри – опозицијата не гласаше

Со 62 гласа „за“ Собранието го изгласа предлогот за избор на заменици-министри во Владата.

Гласаа вкупно 67 пратеници, од кои пет од партијата Беса беа воздржани. Во согласност со предлогот, за заменик министер за одбрана е избран Беким Максути, за внатрешни работи Агим Нухиу, во Министерството за правда оди Оливер Ристовски, во Министерството за надворешни работи Арта Точи, во Министерството за финансии Ширете Елези, а во Министерството за економија Кире Наумов.

Власте Димковиќ е заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Гоце Чакаровски за здравство, Висар Гани за образование и наука, Елми Азири за труд и социјална политика, Дејан Павлески за локална самоуправа, Владимир Лазовски за култура, Александар Бајдевски за информатичко општество и администрација, Ремзи Мехмеди за транспорт и врски, а Јани Макрадули заменик министер во ресорот животна средина и просторно планирање.

„Констатирам дека Собранието со мнозинство гласови ги избра лица за заменици-министри во Владата. Со оваа одлука на претходните заменици им престанува функцијата“, рече собранискиот спикер Талат Џафери по завршувањето на гласањето.

Пред самото гласање во името на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, пратеникот Илија Димовски рече дека тие ќе ја напуштат салата затоа што сметаат дека оваа е вештачки создадено мнозинство и вештачка Влада.

„Ова е вештачки, наметнато, присилено мнозинство и затоа ние нема да бидеме дел од одлуката што ќе ја носи. Учествувавме во  дискусијата и бевме конструктивни, но нема да гласаме. Со овој чекор сакаме да пратиме порака дека одговорноста за одлуката ја носи ова мало, кревко мнозинство,“ рече Илија Димовски и како и своите останати колеги ја напушти салата.

Инаку  во Собранието цел ден траеше расправата по оваа точка при што за збор беа пријавени 14 пратеници, најголем дел од ВМРО-ДПМНЕ. Тие обвинуваа дека предложените кадри се партиски послушници, без стручни биографии и дека нема да направат ништо од ветеното пред граѓаните. Премиерот Заев одговараше на прашањата од пратениците и тврдеше дека овие луѓе се бирани според своите портфолија и дека ќе  придонесат за проектите во реформската Влада.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Македонија

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Read more

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Read more

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Read more

Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени

Read more
 

Вести

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Читај повеќе

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Читај повеќе

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Читај повеќе

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Читај повеќе

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Читај повеќе

Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени

Читај повеќе

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе