Избраните петмина: Кои се наследниците на Меси и Чави од Ла Масија?

И покрај успехот на Барселона во Ла Лига, се добива впечаток дека каталонскиот клуб повеќе не е велесилата од порано – онаа која играше финалиња во Лигата на шампионите и ги рушеше сите рекорди во секое можно натпреварување. Лионел Меси изгледа моќно како и секогаш, но клубот мора да размислува и на неизбежната промена на генерации, која многу веројатно ќе се случи преку школата за таленти Ла Масија.

Голем дел од фудбалската јавност, предводена од навивачите и т.н. експерти, уште одамна се сврте против Ернесто Валверде, но тој и понатаму продолжува да ја добива довербата на раководството. И веројатно со право, бидејќи Шпанецот е човек со јасна идеа, амбиција и план за иднината.

Неговиот конзервативен пристап кон фудбалот не поминува баш најдобро кај навивачите на Барселона, кои се навикнати на ултраофанзивен, брз фудбал со многу голови. Минатата сезона Барселона играше во формација 4-4-2, која беше незамислива за овој клуб уште од играчките денови на Јохан Кројф. Но, Валверде ја освои лигата, шпанскиот Куп и оваа година цели на освојување на Лигата на шампионите.

А плановите не завршуваат тука – баш напротив, тој има намера да остави трајно наследство во Барселона. Школата за таленти Ла Масија веќе подолго време е запоставена во првиот тим на каталонскиот тим, иако од неа во минатото излегуваа таленти како Чави Хернандез, Иниеста, Лионел Меси, Џерард Пике и многу други. Планот на Валверде е повторно да ја активира академијата во првотимските активности, па затоа одбра петмина играчи кои во текот на оваа, па и наредните неколку сезони, ќе добијат поголема минутажа во првиот тим.

Рики Пуиг / 19 години / централен играч за врска

Највозбудливиот играч од петмината кои ги одбра Валверде е Рики Пуиг – тинејџерот што во очите на многумина навивачи е „новиот Иниеста“. Тој е минијатурен, млад и подвижен млад играч што сака да ја контролира играта во средината, а општиот впечаток е дека токму Пуиг може да биде новата ѕвезда во Барселона. Накратко, Рики Пуиг е името кое треба да го запомните за во иднина.

Ориол Бускетс / 20 години / дефанзивен играч за врска

„Другиот“ Бускетс ги помина сите младински категории во Барселона и конечно изгледа подготвен за да се приклучи на првиот тим. Неговата игра во УЕФА Младинската лига му донесе многу комплименти, но засега не ја доби довербата на тренерот Валверде. Но, тоа изгледа дека ќе се смени набрзо.

Хуан Миранда / 19 години / лев бек

Малкумина успеваат да се докажат на младинско ниво толку колку Хуан Миранда, кој играјќи за младинските состави на Барселона и Шпанија изгради име за себе кое веќе им е познато на скаутите на најголемите светски клубови. Со неговиот микс на брзина и техника, тој потсетува на модерните леви бекови како Марсело или Жорди Алба, а може да се очекува дека ќе добие неколку настапи во првиот состав на Барселона уште сезонава.

Муса Ваг / 20 години / десен бек

Светското првенство минатата година беше моментот кој го чекаше Муса Ваг, кој од апсолутен анонимец успеа да се прикаже во одлично светло настапувајќи за репрезентацијата на Сенегал, притоа станувајќи најмладиот Африканец кој постигнал гол на Светско првенство. И како јаготка на шлагот, крајот на летото му донесе трансфер во Барселона. Поради проблеми со работната дозвола, тој не можеше да настапува за клубот во 2018 година, но оваа година веќе може да очекува да ја добие шансата.

Абел Руиз / 19 години / напаѓач

Ла Масија е позната по производство на играчи со офанзивен талент и најчесто таквите се оние кои привлекуваат најмногу внимание од јавноста. Поради тоа, Абел Руиз е на добар пат и може да се надева на првотимско место веќе од оваа или следната сезона, со оглед на тоа дека Барселона бара замена за Луис Суарез, а го продаде единствениот класичен напаѓач во клубот, Мунир Ел Хадади.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Фудбал

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе