Избришете го нејзиниот број: Типови на „пријателки“ кои не ви требаат во животот

Во тинејџерските денови ни се чини дека имаме многу пријателки. И тоа не какви било, туку најдобри. За некои од нив мислиме дека ќе остареме со нив, а на други им ги простуваме испадите и ги поднесуваме за доброто на друштвото.

Токму овие вториве ве држат на барем еден чекор од спокој и среќа. За да не им го дозволувате тоа повеќе, време е да им кажете збогум.

Ако некоја од вашите „пријателки“ ја препознете во овие описи, време е да ја отсечете од вашиот живот.

(Не)пријателка бр. 1: Искористувачка

Тука е само кога нејзе ѝ треба нешто – да ѝ позајмите пари, да ја ислушате кога ќе раскине со дечкото или да направите некоја друга услуга за неа. Не ѝ паѓа на памет да ве праша искрено како сте и дали ви треба нешто. Важна е само таа и нејзините проблеми. Кажете ѝ чао.

(Не)пријателка бр. 2: Критикувачка

Сте се здебелиле: Прва ќе ви каже со потсмев. Сте ослабеле? Ќе најде начин да ви префрли за тоа. Секогаш наоѓа начини да ја нападне вашата самодоверба и да ве критикува. Тоа не е искреност, туку веќе преминува во злоба. А такви негативни луѓе не ви требаат во животот, без разлика колку време сте поминале заедно.

(Не)пријателка бр. 3: Конкурентка

Нејзиниот живот е една вечна игра, вечен натпревар. Секогаш се натпреварува со вас која е попаметна, поубава, позгодна, поуспешна, која има подобар дечко, стан, автомобил... Не е важна, темата, важно е да победува и тоа да биде подобра од вас, а другите да го знаат тоа. Не вредат спомените од средно, од факултетски денови или од заедничките одмори за да ја задржите во животот и понатаму, нели?

(Не)пријателка бр. 4: Copy/Paste

Сте купиле прекрасен впечатлив фустан и таа веќе го носи истиот наредниот ден. Сте ѝ кажале дека ви се допаѓа некој дечко и таа прва договара состанок со него. Ова е девојката која најверојатно ќе облече бел фустан на денот на вашата свадба. Кога ќе ги споредите на овој начин нештата веќе ви е јасно – оваа личност не заслужува да има место во вашиот живот ако сакате да живеете спокојно и среќно и секако, без драма.

реклама

Што треба да правите секој ден за да го стопите салото на стомакот?

Read more

Бектеши објави кои маркети се затворени оти не ги намалиле цените

Read more

Полски свештеници правеле оргија со жиголо, му се слошило, не му помогнале веднаш

Read more

Пијалаци што не треба да ги пиете ако имате висок крвен притисок

Read more

Живот

Реченици кои токсичните родители најчесто им ги кажуваат на нивните деца

Read more

Неделен хороскоп од 25 септември до 1 октомври

Read more

4 совети како детето полесно да се одвикне од цуцла

Read more

Решението за лошиот здив од лукот стои во фрижидерот

Read more
 

Магазин

Полжавчиња со афион и цимет - одлични се со шолја кафе, чај или млеко

Читај повеќе
  • play_arrow

Силна бура создаде застрашувачка глетка на небото во Оклахома - како да пукнала нуклеарна бомба

Читај повеќе

Примала плата од 16 фирми, а не работела ниту еден ден: Филмската приказна ќе заврши на суд во Кина

Читај повеќе

10 прашања што откриваат каков е навистина вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто велосипедот треба да стане вашето редовно превозно средство?

Читај повеќе
  • play_arrow

92-годишен дедо нокаутираше двајца насилници среде улица

Читај повеќе

Koja е најдобрата положба за спиење кога имате настинка или грип?

Читај повеќе
  • play_arrow

Земи си мачка, да ти биде забавно дома

Читај повеќе
  • play_arrow

Корејски специјалитет: Месо потпечено со павлака и јајца

Читај повеќе