Македонија

Изгаснат пожарот кај Струмица

28. јули 2012 - 13:29 | Kајгана/Макфакс

Пожарот над градот Струмица на месноста викана Двата пата, кој во текот на ноќта повторно се активираше, изгаснат е денес околу пладне, информираше Центарот за управување со кризи.

Пожарот е изгаснат  по интервенција на екипи од противожарната бригада  Струмица, Шумското стопанство Беласица и Јавното комунално претпријатие Комуналец, како и двата авиони на Дирекцијата за заштита и спасување.

На терен и понатаму останаа дежурни екипи поради контрола на теренот.

Во текот на вчерашниот ден избувна уште еден пожар во Струмица на локацијата Гола Чешма, при што беше зафатена боровата шума.

Коментирај