Изгласан новиот ДУП Градска четврт Ц 04 – Дом на градежници во Општина Центар

Деталниот урбанистички план (ДУП) за Градска четврт Ц 04 – Дом на градежници е изгласан денеска на продолжение на 59-тата седница на Советот на Општина Центар.

– Се работи за градска четврт која во голем дел е реализирана и голем дел од објектите се задржуваат во постојна состојба. Во споредба со стариот ДУП кој предвидува 4.043м² парковско зеленило, новиот план има вкупно 5.889м² парковско зеленило, со што речиси 13 проценти од површината на четвртта е под парковско зеленило, соопшти Општина Центар.

Оттаму појаснуават дека наместо да се проширува, евидентиран е постојниот паркинг и задржан е во сегашната состојба, а зголемен е процентот на зеленило и дрвореди.

– Наместо како што стариот план предвидува, изградба на паркинг на веќе постоечко детско игралиште, детското игралиште со површина од 408м² во новиот план е зачувано, како и постојниот паркинг околу него, наместо изведба на паркинг на целата површина. Согласно новиот план, сите нови објекти мора да го обезбедат неопходниот број паркинг места во своја парцела, потенцираат од општината.

Избришан е еден објект за колективно домување кој според стариот план би се градел на државно земјиште, а во новиот план заменет е со локален парк од 262м² и пешачка патека.

– Стариот план предвидува заеднички подземен паркинг за дел од парцелите, воедно предвидена е пристапна улица на местото на пешачката патека „Кај Маршалот“. Со новиот план секој објект треба засебно да предвиди паркирање. За објектите од внатрешноста на блокот се предвидува пристап преку пасажи од улицата „Максим Горки“, со што се задржува пешачката патека „Кај Маршалот“ и нема да стане улица за автомобили, информираат од Општина Центар.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе