Македонија

Изгласани измените на законот за следење на комуникации

13. септември 2012 - 14:39 | Макфакс

Со 96 гласови „за" и ниту еден „против" или „воздржан", Собранието ги изгласа измените на Законот за следење на комуникациите, инаку барање на Европската Унија.

Донесувањето на измените, за кои беше потребно двотретинско мнозинство, беше блокирано неколку дена, откако, најпрво, поради незадоволство од предлагањето на законот за правата на бранителите, седницата ја напуштија пратениците на ДУИ, а по нивното враќање, во средата седницата ја напуштија пратениците од СДСМ.

По нивното враќање на продолжението на седницата денеска, но и по низата меѓусебни обвинувања околу блокирањето на работата на Собранието, пратениците ги усвоија измените на законот.

Во меѓувреме, продолжи со работа собраниската Комисија за труд и социјална политика, на чиј дневен ред е предлог-законот за бранители. Нејзиниот претседател Цветанка Иванова најави работа без паузи, по 18:00 часот и во петок и сабота, со цел, предлог-законот побрзо да го мине матичното тело.

Коментирај