Изгоре голем дел од бегалскиот камп Морија на грчкиот остров Лезбос

Во пожар што изби во текот на ноќта во Морија, најголемиот бегалски камп во Грција, на островот Лезбос, според првичните информации, изгоре голем дел од центарот за прием и регистрација на бегалци и мигранти и околните шатори во кој се сместени 12.580 лица.

Веројатно е дека станува збор за подметнат пожар, односно по реакциите од лицата кои вчера беше потврдено дека се позитивни на коронавирусот или од нивните контакти, кои, според локалните медиуми, одбиле да бидат изолирани, по што следеле и инциденти.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, утрово свика вонреден состанок со надлежните министри за ситуацијата на островот.

Она што предизвикува загриженост во Грција е што ќе се случи со бегалците и мигрантите кои сега се на улица, а меѓу нив 35 се позитивни на коронавирусот.

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, говорејќи за ЕРТ, рече дека островот помина тешка ноќ, а реакциите во кампот биле по информациите за заразени со COVID-19.

– Го  разгледуваме и начинот и причините што доведоа до подметнувањето на пожарот. На островот итно ќе биде прогласена вонредна состојба и секако ќе се забрани напуштање на островот за оние кои престојуваа во центарот за прием и регистрација на бегалци и мигранти, за да се спречи веројатноста да се прошири коронавирусот меѓу локалното население, рече Пецас.

Remote video URL

Од Противпожарната служба на Грција соопштија дека за имало повеќе различни жаришта, како во околината на кампот, така и во внатрешноста, а интервенираат 25 пожарникари со десет возила и со помош на полицијата, бидејќи во текот на гаснењето, противпожарните служби биле спречени во извршувањето на нивната задача.

Според локалните медиуми, по пожарот, кој не е целосно ставен под контрола, голем дел од бегалците и мигрантите, од бегалскиот камп се упатиле кон околните населени места.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Регион

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Read more

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more
 

Вести

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе